26 Април, 2024
0.0299

ЏАФЕРИ ВЕТИ И ИСПОЛНИ: Спикерот стави потпис на Законот за јазици

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Албанскиот јазик ќе стане втор официјален во земјава. Доцна вечерта Талат Џафери го потпиша законот за јазици кој крена врева меѓу експертската фела но и јавноста.

Со потписот Џафери го испрати законот во Службен весник на објавување а откако ќе се објави стапува на сила.

Џафери на својот Фејсбук објави фотографија од неговиот кабинет како го потпишува тој закон и под фотката напиша на албански и македонски јазик: “Законот за употреба на јзиците и во Службен весник“.

Уште во октомври Џафери рече дека Законот за јазици ќе биде објавен во Службен весник.

„Тоа не е прашање на моите ветувања, тоа е прашање на моите уставни обврски. Не зависно кога тоа ќе се случи“, рече тогаш Џафери.

Законот за јазици, кој е усвоен пред година дена, е пратен во Службен весник но без потпис на шефот на државата Ѓорге Иванов, кој од тогаш одбива да го потпише затоа што смета дека е противуставен.

Иванов двапати одби да го потпише Законот за употреба на јазиците кој парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, со поддршка на албанските опозиции и без присуство на пратениците на ВМРО ДПМНЕ , прв пат го изгласа на 11 јануари минатата година, а втор пат на 14 март.

Опозицијата во понеделникот соопшти дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник без потпис на Иванов е „кривично дело кое не застарува и за кое следува казна затвор“.

Да се потсетиме што велеа професорите и експертите за овој Закон...

Македонецот Петар Поповски кој како професор и научник работи во Данска се огласи за Законот за употреба на јазиците, сметајќи дека најпрво морало да се спроведе попис пред да се изгласи и дека на Македонија по речиси две децении итно и е потребно спроведување на оваа статистичка операција. 

„Пред да се означи законот за јазици како регресивен или прогресивен, потребна е една досадна, но многу прогресивна операција што ќе ги стави фактите на место: попис. Тие што ја спречуваат се дефинитвно регресивни, џабе сите други приказни“, пишува професор Поповски.

„Сметам дека зборувањето на повеќе јазици од мали нозе е богатство, и дека комуникацијата на повеќе јазици во едно општество е богатство на тоа општество. Но, сметам и дека знаењето е богатство, а пописот е знаење. Ние може колку сакаме да коментираме дека јазикот и пописот немаат врска, но факт е дека постои статистичка бројка над која одредена групација поминува критична маса со која ваквите барања стигнуваат на агенда и, во најпозитивен случај, доведуваат до поотворено општество. Но, таа статистичка бројка е клучна и мора да биде над некој праг; во спротивно ќе треба ист закон да се донесе за секој можен јазик. Јас само викам дека таа статистичка бројка треба точно да се утврди“, напоменува Поповски на својот ФБ профил.

Каролина Ристова Астеруд: Рамковниот и Уставот се целосно поништени со Законот со јазици

„Нема простување, многу добро знаат што прават! И нема бегање веќе! Рамковниот и Уставот се целосно поништени со ЗУЈ 2018. Ако и Уставниот суд не се покаже на висината на задачата, тогаш целосно доаѓаме во ситуацијата на незаконско право, за кое лекот е само активирање на надзаконското право. ЗУЈ 2018 мора да биде бојкотиран и со организирање на огромен отпор. Опозицијата не смее со ништо друго да калкулира освен со одбрана на уставот и автентичните уставни права на граѓанството кое го преставува, па и по етничка основа, па и по основа на етничките колективни права на истото, па и по основа на партија- потписник на Рамковниот. Дури, ако сакате така, може и да се каже дека се сменети улогите, сега Македонците ќе треба да се борат за своите права по Рамковниот! Оние кои се самозалажуваат со релативизациите од типот на потсетувања на минатото силеџиство, упади во парламентаризмот и уставниот поредок на ДПМНЕ-ДУИ, нека престанат, нека прогледаат, и нека станат консеквентни , ова со ЗУЈ 2018 е исто, овојпат во организација на СДСМ-ДУИ“- пишуваше професорката во коментар на Фејсбук, додека целиот статус може да го прочитате овде.

Шкариќ: Законот за јазици ќе падне на Уставен, дури и спикерот Џафери да го потпише указот

„Многу одредби од Законот за употреба на јазиците вака како што е напишан нема да можат да поминат во Уставниот суд и под услов Уставниот суд да се наоѓа на најниско стручно ниво .  тоа им е јасно и на самите автори на Законот за употреба на јазиците.  Уставниот суд голем број од одредбите би ги укинал, а некои можеби и би ги поништил. Тоа значи дека некои одредби кои се во сила да ги елиминира и последиците“,  вели Светомир Шкариќ .   Според универзитетскиот професор по уставно право, Законот за употребата на јазиците така како што е напишан тешко дека ќе може да да се оформи како законодавен акт,  ќе има доста пречки .

„Претседателот на Собранието може да го потпише Законот за употребата на јазиците и да го прати до Службен весник со образложение дека претседателот на Македонија го крши Уставот, а тој како спикер на Законодавниот дом е должен да го испрати Законот на публикување бидејќи секој граѓани вклучувајќи го и Иванов има обврска да го почитува Уставот. Но и со тоа нема да биде решен проблемот затоа што тогаш доаѓа најтешката пречка во врска со стапувањето на Законот во сила, а тоа е Уставниот суд.  Ако Законот биде објавен со дефектен указ, Уставниот суд би можел да се произнесе дека таквиот акт не може да го земе во постапка за разгледување бидејќи не е Закон “, изјави проф. Шкариќ во едно интервју за емисијата Фактор магазин на ТВ24.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите