Џамбаски го коригира Османи: Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2022 20:57
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му порача на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дека не постојат две верзии на историјата.
„Таа перспектива може да се стави во учебниците, но само ако се одобри од комисијата, а таа е автономна и нема рокови. Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина. Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин“, напиша Џамбаски.
Џамбаски на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се вели „Не ја предавај Македонија“.

Тој претходно објави и фотографија со мапа на која Македонија е под Бугарија.
Македонските граѓани овие фотографии масовно ги споделуваат на социјалните мрежи со барање Владата и надлежните министерства да реагираат.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




