Џанго: Ќе ја држам Комората подалеку од политиката
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2018 08:42
„Мојата првенствена заложба е да ги држам адвокатурата и Комората подалеку од политиката. Потоа, да се зајакне квалитетот на адвокатурата преку создавање на законски решенија во интерес на адвокатите и граѓаните, како и во однос на еднаквата положба на адвокатите во постапките. Во таа смисла, моја заложба ќе биде и адвокатите да учествуваат во подготовката на прописите бидејќи во таа насока од клучно значење се нивните мислења, предлози и сугестии како бранители на човековите права. Исто така, во работата на АКРМ акцентот ќе биде ставен и на континуираната едукација на адвокатите, како и на меѓународната и регионалната соработка на АКРМ. Од големо значење во понатамошниот период е и да се обезбедат подобри услови за работата на Комората“, истакна новиот претседател на Адвокатската комора на РМ, , Љубомир Михајловски-Џанго во продолжението на 63-то годишно собрание во Струга.
Поранешниот претседател на Комората, Никола Додевски на новото раководство на Комората му посака успех, истрајност и одлучност во реализирањето на своите цели, а во насока на продолжување на историскиот континуитет на адвокатурата и улогата на адвокатите во општеството како вистински заштитници на човековите права.
Во рамките на 63-тото Годишно собрание, Никола Додевски за успешното раководење на Комората доби и признание од страна на Стручната служба на Комората, за која тој подвлече дека има значаен и единствен придонес во работата на Комората.
Новите членови на Управниот одбор на АКРМ се (од лево кон десно): Стојан Прензоски, адвокат од Охрид, Владимир Стојкоски, адвокат од Струга, Живко Ајтов, адвокат од Кавадарци, Гордана Митовска, адвокат од Скопје, Александар Симјановски, адвокат од Тетово, Бесим Реџепи, заменик-претседател на АКРМ и адвокат од Гостивар, Никола Главинче, адвокат од Битола, Љубомир Михајловски-Џанго, претседател на АКРМ и адвокат од Скопје, Жана Кузмановска, адвокат од Скопје, Ване Андреев, адвокат од Струмица, Јелена Ристиќ, заменик-претседател на АКРМ и адвокат од Скопје, Стевче Глигоров, адвокат од Скопје, Дарко Џорлев, адвокат од Штип, Доне Кузмановски, адвокат од Битола, Оливер Гашев, адвокат од Велес, Никола Петров, адвокат од Струмица и Димитар Панчевски, адвокат од Скопје.Можеби ќе ве интересира
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




