19 Декември, 2025
0.2326

“Џинсоманија” во организација на “Фешн груп”: Нослива уметност создадена од стар џинс

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2014 19:50

Добивај вести на Viber

“Џинсот е повеќе од моден детаљ, повеќе од само парче облека. Џинсот е дел од нашето секојдневие” - беше кредото со кое во возбудлива авантура наречена Jeansomania (“Џинсоманија”) викендов влегоа студентите од катедрата за арт и дизајн на Европскиот Универзитет (ЕУРМ), заедно со  македонските ѕвезди Тамара Тодевска, Елена Ристевска, Сашко Коцев, Ненад Ѓорѓиевски и Димитар Атанасовски. Настанот се одржа во специјално дизајниран џинс корнер, во Fashion and friends (“Фешн анд френдс”) во трговскиот центар Скопје сити мол. Старите фармерки беа инспиративниот материјал од кој креативните студенти, во соработка со македонските ѕвезди, а поттикнати од нивниот имиџ и сензибилитет создаваа бројни возбудливи креации и модни детали, како што се накит, футрола за ајпад, чанти и сл. Учесниците во “Џинсоманија” користеа стар џинс од  добро познатите и квалитетни брендови Celio (“Селио”), Springfield (“Спрингфилд”), Diesel (“Дисел”), Replay (“Риплеј”),Levi's (“Ливајс”), Guess jeans (“Гес џинс”), рециклирајќи го во применета и нослива мода.. Целта на настанот беше потсетување дека џинсот е материјал на многу генерации, кој никогаш не само што не излегува од мода, туку е инспиративна појдовна точка за создавање секогаш актуелни, модерни и тренди парчиња гадероба и накит. Историјата на оваа “евергрин” текстура го потврдува тоа, ако се знае дека првиот вистински џинс бил направен од Levi's (“Ливајс”) во далечната 1873 година. Од тогаш па се до денес многу генерации го носеле џинсот на свој начин , оставајќи свој автентичен белег во историјата на мода. За популарноста на овој материјал зборува и фактот дека Replay (“Риплеј”) создаде  специјално дизајниран џинс од кој беа креирани одела за фудбалерите на планетарно популарниот клуб “Барса” . Уникатениот настан “Џинсоманија”посветен на џинсот, беше организиран од “Фешн груп”, а покрај катедрата за арт и дизајн на Европскиот Универзитет (ЕУРМ), беше поддржан и од македонскиот креаторот Никола Ефтимов.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза