ДЗС: Над 100.000 невработени, 768.549 граѓани не бараат работа
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022 13:02
Согласно најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени со пописот спроведен минатата година, вкупно работоспособно население на возраст од 15 години и нагоре изнесува 1.525.366 лица. Притоа од нив, 717.769 лица се активното население, односно лица кои работат или бараат работа. Од нив 608.520 лица се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549.
- Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени или 56.701 лице се со средно образование од кои 34.313 се мажи и 22.388 се жени.Според дејноста, најмногу вработени, или 123.347 лица има во Преработувачката индустрија од кои 65.751 се мажи и 57.596 се жени. Од вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица изнесува 450.766.Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94.412 или 1,8 отсто на возраст од 0 до 14 години, 43,5 проценти на возраст од 15 до 64 години и 54,8 отсто на возраст од 65 и повеќе. Според видот на попреченост, најголемо учество од 40,8 отсто или 38.499 имаат лицата со потешкотии во движењето – се наведува во соопштението на ДЗС.
Заводот за статитика исто така објави дека од 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 отсто се населени, додека 307.187 станови или 36,6 проценти се ненаелени.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




