17 Декември, 2025
0.0539

Ѕвездите „за“ и „против“ референдумот за независност на Шкотска

Објавено во: Свет 13 Септември, 2014 18:15

Добивај вести на Viber

Поранешниот член на „Битлси“ Пол Макартни беше меѓу последниот кои отворено се изјаснија против референдумот за независност на Шкотска што ќе се одржи на 18 септември. Тој потпиша отворено писмо во кое ги повикува граѓаните да гласаат за останување на Шкотска во составот на Велика Британија. Освен него, тоа писмо го потпишаа околу 200 славни личности меѓу кои рок ѕвездата Мик Џегер, астрофизичаро Стивен Хокинг, актерката Џуди Денч и холивудските ѕвезди Хелен Бонам-Картер и Мајкл Даглас. Џ.К. Роулинг, авторката на романите за Хари Потер, која за кампањата против шкотската независност донираше еден милион фунти, детално објасни зошто смета дека Шкотска не треба да се отцепува. Роулинг, која е родена во Англија, но веќе 21 година живее во Единбург и е омажена за Шкот, вели дека е загрижена заради евентуалните економски последици кои би можела да ги почувствува Шкотска доколку се определи за независност. На независноста се спротивставуваат и музичарите Стинг, Клиф Ричард, Брајан Фери, Дејвид Гилмур, Род Стјуарт и Дејвид Боуви, кои во своите јавни ннастапи порачуваат „Шкотска, остани со нас“. Приврзаниците на отцепувањето, пак, како Шон Конери и англискиот режисер Кен Лоах, оценуваат дека „референдумот е шанса што не треба да се пропушти. Сепак, многу истакнати личности од Шкотска нема да можат да излезат на референдум, затоа што не живеат во оваа земја. За самостојна Шкотска се и актерите кои својата кариера ја изградија во Холивуд, како Жерард Батлер и Алан Каминг, како и британскиот актер Расел Бранд, актерот и режисер Питер Мулан, писателот Ирвин Велш (автор на „Треинспотинг“) и модната креаторка Вивиен Вествуд.  

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави