ЕДИНИЦАТА ЗА НАСИЛЕН КРИМИНАЛ ПРИВЕДЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА НАПАДОТ НА БУГАРСКИТЕ НАВИВАЧИ: Тие се на возрас од 28, 30 и 32 години
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2023
Министерството за
внатрешни работи информира дека полициски службеници од Единицата за насилен
криминал при СВР Скопје вчера лишлеа од слобода четири лица поради насилство
извршено врз навивачи на бугарскиот фудбалски клуб Левски на ул. Цветан
Димов во скопската населба Чаир, кои самоволно се издвоиле од рутата обезбедена
од полицијата и се движеле кон стадионот „Тоше Проески“ во Скопје со цел да
присуствуваат на фудбалскиот натпревар ФК „Шкупи“- ФК „Левски“.
По извршена координација со ОЈО Скопје, денеска (29.07.2023) против овие лица е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „насилство“ по член 386 ст,4 од Кривичниот законик и тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, соопшти МВР.