24 Ноември, 2024
0.0274

Единствениот сертифициран лекар за озонотерапија д-р Анета Кокалеска: Озонот е булдожер за вирусите

Објавено во: Македонија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Пациентите со најтешка клиничка слика болни од коронавирусот, по примерот на останатите земји кои прават максимални напори во лекувањето на заразените, почнаа да ги лекуваат, освен со крвна плазма, и со уште една крвна метода, односно озонотерапија. Здравствените власти во земјава сметаат дека вреди да се преземат сите чекори за да може успешно да се излекуваат хоспитализираните пациенти. Што всушност значи озонотерапијата и за каква метода станува збор, Фактор разговараше со д-р. Анета Кокалеска Петрушевска, од одрдинацијата „Д-р. Анчевски“, која е единствениот сертифициран лекар во државата од Германската медицинска асоцијација за апликација на озон, за изведување на овој третман во поширок спектар на дијагнози.

Едно од најефикасните решенија за подигнување на имунитетот, како што појаснува д-р. Кокалеска, е аплицирање на медицински озон во организмот, популарно наречено озонотерапија, кој истовремено од една страна го подига имунитетот, а од друга страна е директен уништувач на несаканите микроорганизми.

-Оваа метода во земјава ја работам повеќе од 15 години, откако поминав 6-месечна обука во Германија. До сега многубројните истражувања потврдија дека озонот го зголемува имунолошкиот систем и енергетскиот потенцијал на организмот од два до четири пати. Озонот има 15 пати поголемо дејство од кислородот. Тој е природен антибиотик и дезифициенс и за многу кратко време ги уништува вирусите, бактериите и габите. Извонредно делува низа дијагнози, на нервниот систем, дава одлични резултати при подготовка на телото за ин витро процедура, го зголемува вниманието и го забрзува размислувањето, а секако дава извонредни резултати во лекувањето на вируси, појаснува д-р. Кокалеска.

Како го зголемува имунитетот

Во однос на ова, д-р. Кокалеска вели дека крвотокот збогатен со озон ги активира клетките и преку циркулацијата му помага на организмот во остварувањето на своите функции.  

-Имунитетот се зголемува со директно активирање на леукоцитите, кои се стимулираат за борба против вирусите и бактериите, а во исто време се зголемува и нивниот број. На тој начин уште на самиот “ влез “ во организмот се уништуваат причинителите на болестите. Озонотерапијата е најмоќниот стимулатор на имуниот систем. Благодарение на молекулот на озон, кој има многу реактивна улога и успева да ги разбуди природните сили на клетките преку активирање на системи успева да допре до сите клетки во организмот, вели за Фактор д-р. Кокалеска.

Каква е заштитата од вирусни и бактериски инфекции

Што се однесува до ова прашање, таа вели дека со терапија од 5  до 10 третмани, се враќа енергијата и концентрацијата. А доколку сме здрави, со само неколку третмани успешно се превенираат вирусните и бактериските заболувања.

-Со регулирање на антиоксидативниот статус на организмот во борба против слободните радикали, се одложува процесот на стареење, и ве оддржува здрави и витални, потенцира д-р. Кокалеска.

Кај кои други заболувања помага

Тоа што е многу важно, како што вели таа, озонотерапијата дава одлични резултати при подготовка за ин витро, помага при артериосклероза и стеснетите крвните садови, ги балансира мастите и шеќерите во организмот, помага кај херпеси и ХПВ инфекции, псоријаза и чиреви по кожа, го победува заморот, стресот, се подобрува концентрацијата и меморијата, го зголемува либидото, едноставно се добива сила...

Процедурата не е едноставна

Третманот се спроведува со тоа што се зема крв од самиот пациент, потоа таа се меша со озон па се внесува во организмот во облик на инфузија. Но, за различни дијагнози, како што вели д-р. Кокалеска, се зема различно количество крв.

-Не треба да се заборави дека озонотерапијата освен за пациенти со некои здравствени проблеми е наменета за сите кои се и сакаат да останат здрави, витални и отпорни.Она што го знаеме за здравствените придобивки на озонот, доаѓа од долгата историја која започнува во почетокот на 20 век. Во Првата светска војна, лекарите користеле озон како антисептик за стерилизирање на инструментите на теренот. Подоцна, луѓето почнале да го користат озонот за многу повеќе цели. До денес, тој е тестиран и се користи терапевтски или како дополнителна терапија за женска и машки неплодност , за кожни заболувања, васкуларни заболувања, габични инфекции и многу повеќе, вели д-р. Кокалеска.  

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес