Една година затвор доби полицаецот кој во Битола тепаше Ром
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2022 19:40
Полицаецот кој пред две години тепаше Ром во Битола доби една година затвор, соопштија од Македонското здружение на млади правници. Скопскиот кривичен суд во повторената постапка го прогласил полицаецот за виновен, откако Апелациониот суд ја укина пресудата и го врати случајот на повторно одлучување.
„Додека оштетениот бил легнат на земја, обвинетиот го удирал со клоци и тупаници по телото во пределот на главата, по рацете, нозете и грбот, со што употребил прекумерна сила и спрема оштетениот постапил на начин на кој се понижува човечкото достоинство и човечката личност“, се наведува во пресудата.
Од Здружението на млади правници велат дека пресудата е од големо значење, поради тоа што е меѓу првите првостепени пресуди каде се изрекува ефективна казна затвор за полициски службеник поради употреба на прекумерна сила.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




