17 Декември, 2025
0.0440

Една реченица можеше да го промени исходот на шкотскиот референдум

Објавено во: Свет 19 Септември, 2014 11:22

Добивај вести на Viber

Велика Британија остана во сегашните граници, но Шкотска сепак е победник на вчерашниот референдум за независност - секако ќе добие поголеми овластувања, иако и сегашните не беа мали. Но, доколку британскиот премиер Дејвид Камерон го изречеше своето познато предупредување за шкотските државјани „Ако заминете - си одите засекогаш“ еден месец порано, тие веројатно речиси сигурно ќе заокружеа ДА, оценуваат аналитичарите. Оваа заканувачка реченица на Камерон, изречена пред само пет дена се смета дека има големо влијание на доближувањето на резултатите меѓу двата табори во последните моменти пред референдумот. Сепак, Лондон најпрвин понуди поголема автономија и замена за опстанокот на Британија, па шкотските граѓани ја прифатија таа понуда и одлучија да го продолжат животот како дел од британското кралство. Камерон веќе од јануари мора да го исполни своето ветување и да му префрли повеќе надлежности на Единбург. Така може да се каже дека со изјаснувањето добија сите - Лондон остана центар на Велика Британија, а Шкотите успеаја да извлечат корист од гласањето. Она што може да го загрижи останатиот дел од Европа е фактот дека референдумот се одржа и дека на тој факт ќе инсистираат сите региони кои сакаат независност, без разлика на исходот. Каталонците воопшто не се сомневаат дека тие би изгласале независност, а во тоа не се сомнева ниту официјален Мадрид, кој со сите сили се труди да спречи ваков референдум во Шпанија. Не се само Каталонците, туку и многу други региони и републики во Европа сакаат право на самоопределување и демократски референдум, по моделот на Шкотска. Притоа, само 20% од Шкотите се чувствуваат и како Шкоти и како Британци, додека само 4% само како Британци. Затоа нивната одлука нема никаква патриотска, туку само материјална основа, сметаат познавачите.  

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави