ЕДНА ТРЕТИНА ОД ГРАЃАНИТЕ НЕ ВЕРУВААТ ВО НИТУ ЕДЕН ПОЛИТИЧАР: Анкета на ИПИС
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2023 13:29
Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска
излезе со анкета за ставовите на граѓаните за нивната поддршка на политичките
партии и политичарите, како и за одредени актуелни прашања во моментов. На
прашањето дали Владата, предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот
на мандатот во 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори,
39,1 отсто се определиле за предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека
треба да остане на власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“. Кусата
телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4
и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС
напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка
грешка која изнесува +/- 3 проценти,
поради што сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.
Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 21,2 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 3,8 отсто би гласале за Алијанса за Албанците, 2,9 отсто за Левица, 1,5 отсто за БЕСА и еден процент за Алтернатива.
За ниту една партија не би гласале 17,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 16,1, а одговор немале 12,8 отсто. На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 16, 2 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 8,7 отсто за Димитар Ковачевски, 6,4 отсто за Зоран Заев, 7,3 проценти за Али Ахмети. Од анкетираните 3,8 проценти имаат најголема доверба во Зијадин Села, 2,7 во Димитар Апасиев, 1,9 отсто во Билал Касами, еден отсто во Африм Гаши, а 1,4 проценти во Никола Груевски.
Триесет и два отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 15,4 отсто, а 3,2 проценти се изјасниле за друг. Во врска со тоа дали со формирање на новата Влада се надминала политичката криза во земјава, 27,9 одговориле „да“, 47,4 „не“, а 24,7 „не знам“. ИПИС напоменува дека заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, бил креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна била спроведена анкетата, а истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок, кој бил стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




