11 Мај, 2024
0.0239

ЕИГ ги превзема HDI Бугарија и Украина

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП (ЕИГ) потпиша купопродажен договор со TALANX INTERNATIONAL (со седиште во Хановер – Германија) за превземање на осигурителниот бизнис на TALANX во Бугарија и Украина соодветно преку HDI Осигурување и HDI Strakhuvannya.

Бруто приходот на двете компании кои се предмет на оваа зделка во 2013 изнесувал 13 милиони евра за Бугарската компанија и 16 милиони евра за Украинската компаниjа. Добивката пред оданочување (EBIT) на двете компании изнесува околу 1 милион Евра за 2013 година.

Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на регулаторните органи и се очекува да биде финализирана заклучно со вториот квартал во 2015.

Превземањето на HDI Бугарија и Украина е во линија со стратегијата за проширување на ЕВРОХОЛД Групата и зајакнување на доминантната позиција како водечка осигурителна компанија во регионот на Централна и Источна Европа. Оваа зделка е природно продолжување на веќе реализираните успешни превземања на Interamerican Бугарија и бизнисите на QBE во Бугарија и Романија. По ова превземање ЕИГ ќе има бизнис операции во 5 држави со годишна бруто полисирана премија од преку 200 милиони Евра.

Како составен дел на оваа трансакција актуелниот извршен директор на HDI Бугарија, Г-дин Петер Аврамов се приклучува на ЕВРОИНС Бугарија на позицијата главен извршен директор на компанијата. Ова назначување ќе обезбеди непречен процес на транзиција на спојувањето на двете компании.

eurohold

ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП е една од најголемите независни осигурителни групации кои работат на пазарите на Централна и Источна Европа. Компанијата има околу 7% пазарен удел во Бугарија, Романија и Македонија и вработува повеќе од 1100 луѓе. Од 2014 г. компанијата започна со активности и во Грција како дел од стратегијата на проширување. ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП е подружница на ЕВРОХОЛД Бугарија – водечка бугарска компанија со деловни активности на Балканот, фокусирана во обезбедување на небанкарски финансиски услуги и управување со средства. Седиштето на компанијата е во Софија.

Talanx e третата по големина компанија во Германија и седма во Европа со приходи од премија од 28.1 милијарда Евра (2013г) и повеќе од 21.500 вработени. Седиштето на групацијата е во Хановер и има бизнис операции во околу 150 држави.

Talanx функционира како мулти бренд провајдер со фокус на B2B осигурување. Во групацијата вклучени се брендови како HDI, глобален осигурувач на индустрија HDI-Gerling, Hanover Re - еден од водечките реосигурувачи во светот, Targo Versicherungen, PB Versicherungen иNeue Leben – сите специјализирани во банкосигурување,и Ampega – обезбедувач на финансиски сервиси. Со превземањето на TU Europa и TUiR Warta S.A. Полска стана вториот најзначаен пазар за Talanx. Рејтинг агенцијата Standard & Poor’s има доделено на Talanx Primary Group рејтинг за финансиска стабилност А+(стабилна) и на Hannover Re Group АА-(многу стабилна). Talanx AG котира на Франкфуртската берза на хартии од вредност (со учество во MDAX), а исто така котира и на берзите во Хановер и Варшава (ISIN: DE000TLX1005, Германски берзански код: TLX100, Полски берзански код: TNX).

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните