Добивај вести на Viber
Дополнителното наплатување на телефонирањето, испраќањето СМС пораки и сурфањето на интренет, најверојатно ќе заминат во историјата до јули 2016 година.
Официјалниот предлог за укинување на роамингот во земјите од Европската унија, Европската комисија треба да го објави денеска.
Германското списание „Фокус“, повикувајќи се на извор од кабинетот на еврокомесарот за дигитална агенда Нили Крос, пишува дека до укинување на роамингот ќе бидат воведени и соодветни стимулативни мерки за операторите кои ќе одлучат да го чекаат последниот момент.