03 Декември, 2024
0.0328

ЕК ЈА ТУЖИ УНГАРИЈА: Која е причината?

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Eвропската Комисија(EK) ќe ја тужи Унгарија пред Меѓународниот суд на правдата за спорниот Закон за заштита на суверенитетот.

ЕК денеска соопшти дека ќе ја тужи Унгарија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за можни прекршувања на правата на приватност и слободата на изразување и здружување поради новиот закон што би можел да им овозможи на властите да ги испитаат и гонат лицата обвинети за поткопување на суверенитетот на земјата. Законот за заштита на суверенитетот стапи на сила во декември.

Тој создаде владино тело со овластување да собира информации за сите групи или поединци кои имаат корист од странско финансирање и влијаат на јавната дебата. Унгарските тајни служби можат да помогнат во истрагите на властите. Секој што е осуден за прекршување на законот може да биде затворен до три години.

Владата на премиерот Виктор Орбан тврди дека законот е дизајниран да ги спречи политичките партии да добиваат странско финансирање за изборни кампањи, но противниците го споредија со законот за „странски агенти“ на Русија, според кој секој што добива финансиска поддршка од странство, вклучително и новинари и групи за застапување е агент на друга земја.

Тие веруваат дека нејасниот јазик на унгарскиот закон може да се користи за произволно таргетирање на критичарите на владата, вклучително и невладини организации и новинари.

Во јуни, телото задолжено за одбрана од странско влијание започна истрага против унгарскиот огранок на антикорупциската организација Транспаренси интернешнал. Мета беа и медиумите.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари

ИМА И КОНТРОВЕРЗНО ОРУЖЈЕ, ШТО СÈ СОДРЖИ ПАКЕТОТ ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Чини само 725 милиони долари

ЗОШТО ЧАРЛС КУШНЕР, ТАТКОТО НА ЗЕТОТ НА ТРАМП И ИДЕН АМБАСАДОР ВО ПАРИЗ Е ТОЛКУ КОНТРОВЕРЗЕН? Еве ги сите скандали поврзани со неговото име

ЗОШТО ЧАРЛС КУШНЕР, ТАТКОТО НА ЗЕТОТ НА ТРАМП И ИДЕН АМБАСАДОР ВО ПАРИЗ Е ТОЛКУ КОНТРОВЕРЗЕН? Еве ги сите скандали поврзани со неговото име

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?