15 Јануари, 2025
0.0286

ЕК: Македонија може да остварува економски односи со кого сака

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Европската комисија смета дека сите нејзини земји-членки, но и кандидати и потенцијални кандидати, може да остваруваат економска соработка со кого сакаат, односно дали станува збор за земји-членки на ЕУ или земји што доаѓаат од „Третиот свет“.

Ова го истакна Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување на Унијата, Штефан Филе.

Запрашан дали ЕУ е свесна за заканата од страна на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека Турција доколку наскоро не биде примена во ЕУ ќе побара влез во т.н. Шангајска петка (Русија, Кина, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан) и ако Европската комисија продолжи да доставува нови услови за прием на земјите од Западен Балкан, кои се во одличен економски однос со Турција и Русија, дека е можно и останатите кандидати да и свртат грб на ЕУ и да побараат друга средина за да ги остварат своите интереси, Стано одговори дека ЕК е во процес на пристапни преговори со Турција, што е потврдено и во заклучоците на последниот Самит на Европскиот совет во декември минатата година.

- Личен избор е на Турција, Македонија и Србија да остваруваат економски односи со кого сакаат. Но, тие се кандидати за членство и сите се во процес на нивно приближување кон Унијата, потенцира гласноговорникот на Европската комисија.

Според Стано, организацијата „Шангајска петка“ и ЕУ не може да се споредуваат оти се целосно различни организации и институции, но не сака да коментира дали ако сојузот на источните земји е само економски, дали и Унијата во своето создавање минатиот век не започнала како трговски сојуз за тргување со јаглен и челик, за потоа да прерасне во една од најголемите политичко-економски организации.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања