17 Декември, 2025
0.0349

ЕК предупреди за опасност на личните податоци на Фејсбук

Објавено во: Свет 27 Март, 2015 12:58

Добивај вести на Viber

Европската Комисија (ЕК) ги предупреди граѓаните на Европската унија да ги затворат своите профили на социјалната мрежа Фејсбук, ако сакаат да ги заштитат личните податоци од тајните служби на САД.

Предупредувањето беше направено од адвокатот на Комисијата Бернард Шима, во рамките на делото кое го разгледува дали на податоците на европски граѓани се заштитени ако бидат испратени во САД. Случајот, пак, беше поднесен поради откритијата на поранешниот службеник на американските тајни служби Едвард Сноуден, посочи британскиот „Гардијан“.

„Вие сигурно ќе се змислите дали да го оставите својот профил на Фејсбук, ако имате таков“, изјавил Шима за време на сослушувањето на случајот во Европскиот суд во Луксембург.

По директно барање за време на случајот од ЕК не можеше да се потврди дали законот „Безбедно Харбор“ (Safe harbor) во сегашниот изглед може да обезбеди соодветна заштита на податоците на граѓаните од ЕУ при испраќањето на овие податоци во САД. Во исто време без овој закон во нејзината сегашна форма е нелегитимно да се пренесуваат информации надвор од ЕУ.

Покрај Фејсбук, случајот добива поплаки и против „Епл“, „Мајкрософт“, „Скајп“ и „Јаху“.

Случајот го разгледува и прашањето дали САД и владината програма „Призма“ (Prism) за собирање на податоци ги прекршила стандардите за „адекватност“ на заштитата на приватноста на европската Директива за заштита на податоци. Постоењето на програмата „Призма“ беше откриена од Едвард Сноуден кој покажа дека податоците на европски граѓани, чувани од американски компании, биле предавани на разузнавачки агенции во САД.

Иако недостатоците за „Безбедност“ се потребни како од политичка, така и од економска гледна точка, смета Еврокомисијата.

Според ЕК и учесничка во случајот ирската адвокатска група за заштита на лични податоци „Digital Rights Ireland“ комисијата треба да биде оставена да го реформира Законот преку план од 13 точки, за да се обезбеди подобро задржување на податоците на европските граѓани.

Од Фејсбук одбиле да коментираат на прашањето за „Гардијан“.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави