19 Декември, 2025
0.0689

Под мотото „Рециклирате ли!?

Еко–акција за собирање отпад на кејот на Вардар

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2016 16:27

Добивај вести на Viber

Вработените и менаџментот на Пивара Скопје, заедно со Амбасадата на Холандија во Македонија и компанијата Пакомак, исчистија над 3 километри од кејот на реката Вардар во Скопје. Во рамки на акцијата собран е целокупниот сув отпад кој понатаму ќе биде селектиран и рециклиран со што ќе се обезбеди негов соодветен третман.

„Свесни сме дека ова е можеби симболичен придонес, но се надеваме дека со оваа еко-акција ќе испратиме порака до целата заедница како сите ние треба да се однесуваме кон животната средина, а особено кон водните ресурси. Како еден од оснoвачите на Пакомак, ние во Пивара Скопје целосно сме посветени и работиме кон остварување на нашите, но и на националните цели и таргети во поглед на управувањето со отпадот од амбалажа. Со оваа еко-акција даваме придонес кон оставарување на тие цели. Се надевам дека со нашиот денешен пример ќе ги поттикнеме и останатите луѓе и компании во земјата да преземат конкретни акции со кои ќе ја зачуваме природата чиста и здрава“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.

Следејќи го глобалното лидерство на групацијата Coca-Cola HBC во доменот на одржливиот развој, како и практиките за одржливост на Heineken, Пивара Скопје спроведува континуирани  активности насочени кон правилно управување со отпадот од амбалажата, како и намалување на потрошувачката на енергија и заштеда на вода.

Истакнувајќи ги ваквите активности како пример за индивидуална и корпоративна општествена одговорност, Амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп изјави: „Прекрасната и разновидна природа е едно од најголемите богатства на Македонија. Како вљубеник во природата и планинар, забележувам дека загадувањето е голем проблем кој ги загрозува овие природни убавини. Единствен начин да се реши овој проблем е заеднички пристап меѓу државните институции, бизнис секторот и граѓаните, а тоа е и причината поради која мојот тим и јас сме тука денес: со нашиот мал придонес да поттикнеме големи промени“.

За успехот на акцијата придонесе и компанијата Пакомак којашто ја обезбеди и целокупната неопходна логистичка поддршка за соодветно собирање и транспорт на отпадот, како и негово селектирање и рециклажа.

„Бројот на вработени кои волонтерски се вклучија во оваа акција ги надмина нашите очекувањата и докажа дека со воља, позитивен пристап  и тимска работа можеме да спроведеме заеднички акции кои оставаат позитивен печат на заедницата. Пакомак е силно посветен кон минимизирањето на какви било несакани ефекти од амбалажниот отпад врз животната средина и во таа насока сакаме да демонстрираме дека вредностите што ги споделуваме не се декларативни, туку суштински“, изјави Филип Ивановски, извршен директор на компaнијата Пакомак, чија основна дејност е управување со отпадот од пакување.  

Сведување на минимум на влијанието врз животната средина е стратешка цел на Пивара Скопје. За своите досегашни заложби за одржливост и евидентните резултати во заштита на животната средина, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, трета година по ред е рангирана на првото место во индустријата за пијалаци во светот, според престижното глобално рангирање кое го прави „Дау Џонс индекси за одржливост“.

За повеќе информации и фотографии за оваа еко-акција и останатите активности на Пивара Скопје посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША www.polnacasa.mk

Можеби ќе ве интересира

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА