03 Мај, 2024
0.0257

Економските министри решаваат, ќе продолжи ли увозот на возила постари од 7 години?

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Владата го разгледува барањето на Импортерите на моторни возила за забрана за увоз на возила постари од 7 години. Според информациите на Фактор од Владата веќе побарале мислење од надлежните министерства за финансии и транспорт и врски, како и мислење од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Откако ќе ги добијат мислењата, потоа дополнително владата ќе одлучи дали ќе забрани увоз на автомобили постари до 7 години или не. Засега нема официјална информација кога владата ќе донесе одлука за ваквото барање на увозниците на нови автомобили.

Инаку пред крајот на минатата година Импортерите ја побараа оваа мерка со образложение дека во изминативе три години со увозот на возила со Еуро 1 и Еуро 2 стандард, задоволен е социјалниот момент од една страна, но, од друга страна тие возила се огромни загадувачи воздухот. Во барањето на Групацијата на импортери на моторни возила се апелира на  воведување на нормата Еуро 4 за половни возила во првиот квартал од 2013 година со која е предвидено да се увезуваат возила што нема да бидат постари од 7 години, бидејќи како што велат загадувањето на воздухот, во голема мера е резултат и на согорувањето на горивата од старите нееколошки возила. Како аргумент импортерите го наведуваат и фактот дека во Скопје последните мерења на штетните честички на воздухот покажаа дека загадувањето е 20 пати поголемо од дозволените граници. Според европските стандарди максимално дозволената граница е 50 милиграми на кубен метар.

„Новите возила имаат ниска емисија на јаглерод диоксид и штетни честички во воздухот, располагаат со посебни филтри кои ги задржуваат штетните канцерогени честички и не ги пуштаат во атмосферата. Наспроти ова, во последните три години во Македонија се увезоа околу 110.000 половни возила со Еуро 1 или Еуро 2 норматив кои немаат заштитни филтри и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот“, стои во барањето на импортерите.

Со досегашниот увоз велат, задоволен е и социјалниот момент на потрошувачите кои покрај тоа што не беа во можност да купат нов автомобил, успеаја да го заменат својот престар автомобил со стар автомобил кој не одговара на еколошките стандарди.

„Мерките со кои се дозволува натамошното увезување на возила со Еуро 1 или Еуро 2 норматив стануваат контрапродуктивни бидејќи овозможуваат увоз на многу стари возила кои се големи загадувачи на животната средина“, велат од ССК.

Продажба на нови автомобили

Откако во март 2010 година Владата дозволи увоз на половни автомобили со Еуро 1 и Еуро 2 стандард, евидентен е падот продажбата на нови автомобили.

Според податоците на Царинската Управа, во 2009 година пред да биде воведена ваквата владина мерка во земјава, граѓаните купиле 10.574 нови патнички автомобили, додека веќе во 2010 година кога е воведена мерката, оваа бројка паѓа на 7.183, во 2011 купени се 5.795 нови патнички автомобили а веќе во 2012 (до ноември) граѓаните купиле едвај 3.675.

Половни патнички автомобили

Во истовреме паралелно со падот на продажбата на новите атомобили расте купувањето на половните патнички возила.

Најмногу половни патнички автомобили се купени во деветте месеци од 2010 година, кога се дозволи купување на возила со Еуро 1 и Еуро 2 стандардот, кога се купени 51. 399 употребувани патнички автомобили, во 2011 интересот се намалува и купени се 34.326 , додека во 2012 (до ноември) купени се 25.909 половни патнички автомобили.

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен