Екс премиерот на суд за случајот со нарачаните шамари
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска треба да се појави на суд за случајот со насилството во Центар.
Ова ќе биде второ судење откако првото рочиште заврши со заклучок на судот дека „бомбите“ односно телефонските прислушкувани разговори не се прифаќаат како докази обезбедени од СЈО.
Во овој случај осомничени се Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и други членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Првата расправа беше доста жестока .
Обвинителката Фатиме Фетаи беше обвинета за терминологијата на осомничени и обвинитет од судијката Михајлова,а Фатиме на тоа возврати дека таа си ги брани своите права, и дека очекувала главна расправа како што стоело во судската покана, а не дека ќе се одржи прелиминарно рочиште за техничко оценување на доказите.
Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.