26 Декември, 2024
0.0281

Ексклузивно: Еуромакс ќе се жали, најавува и арбитража

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Канадската компанија Еуромакс Рисорсис ќе се жали до Управниот суд во земјава, откако беше одбиена нејзината жалба од второстепената Државна комисија за вадење руда од рудникот Иловица. Таа тврди дека има силен правен случај кој го оправдува поднесувањето жалба. Од компанијата, доколку ова не вроди плод, не исклучуваат и земјава да ја дадат пред меѓународна Арбитража.

Вакво известување компанијата Еуромкас Рисорсис испратила до своите акционери официјално преку Берзата во Канада. Во тој допис компанијата детално ги известува акционерите дека откако била информирана за одбивањето на нејзината жалба од второстепената комисија, има рок од 30 дена за тоа да се жали пред Уставниот суд.

Еуромакс рисорсис доби известување од Министерството за економија на Република Северна Македонија дека Државната комисија за постапување по управни и постапки за вработување во втор степен (Државна комисија) ја отфрлила жалбата против Резолуцијата за одбивање на Министерството за економија, како што е наведено во соопштението на компанијата од 12 јули 2019 година. Известувањето се однесува на концесијата „Иловица 6“ на компанијата, и концесијата „Иловица 11“ останува непроменета“, се вели во известувањето од Еуромакс Рисорсис.

Од канадската компанија натаму нагласуваат дека имаат силен правен случај.

„Известувањето дозволува компанијата да ја обжали одлуката на Државната комисија во рок од 30 дена преку Управниот суд на Северна Македонија. Врз основа на силен правен случај, компанијата има намера да поднесе жалба. Другите правни начини, вклучително и меѓународната арбитража, остануваат отворени и истите ќе бидат прогонети соодветно“, ги информираат акционерите од Еуромакс Рисорсис.

Уште од компанијата наведуваат дека Еуромакс рисорсис со нетрпение очекува да ја реши ситуацијата со сите релевантни владини институции во согласност со минералите и административните закони на Северна Македонија.

„Еуромакс има главен развојен проект во Северна Македонија и е фокусиран на градење и раководење со проектот за бакар-злато Иловица-Штука“, нагласиле од компанијата до Берзата во Канада. 

А Владата, пак, како што од таму велат владини изворидефинитивно ќе го раскине договорот за концесија со Еуромакс Рисорсис. Ова од причина што, како што велат, второстепената Државна комисија која ја одби жалбата на Канаѓаните, е последната инстанца која одлучуваше, по што Владата мора автоматски да ја прифати одлуката на Комисијата.

Подетално како ќе се одвива процедурата на еднострано раскинување на договорот со канадската компанија Еуромакс Рисорсис, денеска треба да образложи Министерството за економија. 

И додека екологистите слават, над земјава виси закана од тужба на милионска сума, која засега не се знае колкава ќе биде, но се претпоставува дека ќе тежи многу, бидејќи концесионерот во Иловица планираше инвестиција од 340 милиони евра.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

Мицкоски: Или никој нема да работи во недела или за двојна дневница

Мицкоски: Или никој нема да работи во недела или за двојна дневница