ЕКСКЛУЗИВНО: (ГАЛЕРИЈА НА ФАКТОР) Диви свињи влегоа во дворовите во Скопје, бараат храна
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2020
Деновиве диви свињи се забележани во дворовите во скопски Припор. Фотографот на Фактор направи ексклузивни фотографии од овие животни кои сега се во потрага по храна.
Тие се спуштаат од падините на Водно кога периодот е топол и сув, бидејќи нема доволно количество од печурките со кои се хранат, а кои растат под земја.
Ова не е реткост, и иако дивите свињи не напаѓаат додека не почувствуваат закана, сепак ваквите огромни животни влеваат страв кај луѓето.
Во продолжение погледнете ги останатите фотографии на Вангел Тануровски
ФОТО: Вангел Тануровски