ЕКСКЛУЗИВНО: “Penthouse“ над Славија е роденденската желба на Субрата Рој!
Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 08:23
Неофицијалните извори на Фактор од Владата, а блиски до индискиот бизнисмен објаснуваат дека Рој имал низа барања за тоа како сака да го реновира хотелот Славија. Покрај луксузните апартмани и градина на покривот од хотелот, Рој сакал да има надворешен застаклен базен кој ќе зафаќа неколку ката од хотелот. Од македонските архитекти најверојатно ќе се бара и луксузно уредена градина на покривот од хотелот, како и луксузно партерно уредување.
Фактор исто така, дознава и дека се предвидува и пиење шампањ за 70-тина луѓе во воздух, во хелиумски балон. Во близина на хотелот Славија, Субрата Рој најави дека ќе гради марина, луксузен голф терен, конференциски сали, шопинг центри...
За 5 милиони евра Рој ја купи Славија
Како што ексклузивно објави Фактор во јануари годинава, помалку од 5 милиони евра плати индискиот бизнисмен Субрата Рој за хотелот Славија во Охрид. Сведоци на купопродажниот договор за Славија на Рој му биле и 20-члената индиска делегација, и министерот за финансии Зоран Ставрески и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.
Дека индиската компанија Сахара Индија Паривар на чело со Субрата Рој ја купи Славија, за Фактор веднаш потврди и тогашниот сопственик Владо Рувинов.
“Точно, индискиот бизнисмен Субрата Рој стана сопственик на хотелот Славија. Можам да кажам дека четиримесечните последни преговори вродија со плод. Субрата Рој дефинитивно го купи хотелот со најубава локација на Охридското крајбрежје. Сакам да искажам огромна благодарност до премиерот Груевски, до министерот Ставрески и до директорот Мизо за се што до сега направија, што во земјава донесоа сериознен инвеститор како Субрата Рој. Со ова, но и со реализацијата на грандиозниот проект на Субрата Рој во Љубаништа мислам дека ќе се прероди и Охрид и Македонија“, изјави за Фактор Рувинов во јануари годинава.
Рој го купи хотелот Славија каде што ќе се сместат архитектите и сите инженери кои веќе на големо се подготовуваат за реализација на проектот „Сахаријан Македонија“.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




