ЕКСМИНИСТЕРКАТА ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА Е ДИСКРИМИНИРАНА ВО ЗАТВОРОТ - еве какво мислење издала Комисијата за заштита од дискриминација
Објавено во: Македонија 20 Март, 2023 15:31
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска е дискиминирана врз основа на пол, е мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а пренесува порталот Плусинфо.
„Се утврдува директна дискриминација врз основа на пол во областа на правосудство и управа, од страна на Управата за извршување санкции, врз Гордана Јанкуловска. Се утврдува дискриминација на врз основа на пол од страна на Управата за извршување санкции врз лица од женски пол од Република Северна Македонија“.
Вакво мислење на 16 март донела Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, постапувајќи по претставка од Гордана Јанкуловска поднесена на 22.12.2022 година, преку адвокатот Влатко Илиевски, кој е и нејзин сопруг, против Управата за извршување санкции.
Комисијата усвоиле и Препорака, во која препорачува Управата за извршување санкции, во соработка со други релевантни органи, во рок од шест месеци да подготват Акциски план со извори на буџетирање, за адаптирање, реконструкција и конструкција на установи од полуотворен и отворен вид за жени осуденички.
„Препораката е во насока на обезбедување еднакво остварување на правото за прогресирање во установите на казнениот систем на сите осуденици без разлика на нивниот пол“, се вели во овој документ, што го потпишал претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери.
Инаку, Гордана Јанкуловска, осудена за случајот „Тенк“, издржува затворска казна во времетраење од четири години, од 28 септември 2020 година, во „Идризово“. Иако има издржано речиси две третини од казната, досега нема добиено ниту еден ден отсуство или каква било друга привилегија.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




