17 Декември, 2025
0.0617

Екстремистите стигнаа на 50 километри до Багдад

Објавено во: Свет 13 Јуни, 2014 10:48

Добивај вести на Viber

Исламските екстремисти во Ирак ги зазедоа Садија и Џалавла, градови во провинцијата Дијала, и продолжија со судирите со ирачките безбедносни сили приближувајќи се до главниот град Багдад. Судири во моментот се водат недалеку од Бакуба, на само 50 километри северно од Багдад. Припадниците на радикалната група ИСИЛ претходните денови ги зазедоа Мосул и Тикрит,а повеќе од половина милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Портпаролот на ИСИЛ Абу Мохамед ел Аднани се закани со жестоки битки за Багдад и Карбала, едно од најсветите места за шиитите. Овој човек стои зад немирите во Ирак – сака да го надмине Бин Ладен САД не ја разгледуваат можноста да испратат копнени трупи во Ирак за да помогнат во задушување на бунтот, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Керни. Сепак, американскиот претседател Барак Обама најави дека не исклучува ниту една можност за помош на ирачките власти да ја вратат контролата. Керни, пак, објасни дека Обама со оваа изјава всушност мислел само на воздушни напади, а не на нова копнена интервенција. Највисоките претставници на НАТО и на Велика Британија исто така се изјаснија дека не планираат воено да се ангажираат во Ирак.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави