10 Декември, 2024
0.0246

ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ им посака добредојде на станарите во новиот современ станбен објект Connect5+

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Реномираната градежна компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ викендов ги отвори вратите на новиот современ станбен објект Connect5+ и им посака добредојде на станарите во нивниот нов дом со адреса во скопската населба Аеродром.

На свечениот настан, на станарите им беа врачени клучевите со што симболично беше означена успешната реализација на уште еден ултра квалитетен проект на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ.

ЕЛЕНА ЛУКА, сопственичката и генерален менаџер на компанијата, на станарите им честиташе за новиот успешен почеток во нивниот живот и им се заблагодари што токму Connect5+ го одбрале за своја животна инвестиција.

„Добредојдовте во вашиот нов дом, во Connect 5+! Денес е посебен ден за сите нас, но најмногу за вас – новите жители на овој модерен и урбан станбен објект. Ова е почеток на ново поглавје во вашите животи, поглавје исполнето со радост, успех, среќа, задоволство и секако нови амбиции. Connect 5+ од сега ќе биде само ваша привилегија, ваше место каде што секој од вас ќе создава убави моменти и спомени. Проектот беше осмислен со цел да понуди највисок квалитет на модерно живеење, современа архитектура и функционалност која ќе ги задоволи сите ваши барања и потреби. Со внимание посветено на секој сегмент од изградбата, ELENA LUKA HOME за вас создададе простор кој спојува модерна естетика, квалитет, енергетска ефикасност, како и урбан животен стил со реноме, поврзани во еден персонализиран концепт иделано прилагоден на секој од вас.

Неизмерно задоволство и чест ми е што денеска сведочиме на радоста на нашите станари и особено сум горда што ни ја дадовте довербата и ја избравте токму ELENA LUKA HOME и Connect5+ да бидат значаен дел од вашата животна приказна. Вашите реакции зборуваат дека успеавме да ги орпавдаме и највисоките очекувања, а тоа лично за мене е најголема сатисфакција. Connect5+ не е само станбен објект, туку е и остварување на нечиј животен сон, реализација на сопствен дом, нечија остварена желба и почеток на нов живот. Нека вашиот нов дом ви донесе мир, хармонија и многу убави моменти. Од срце ви посакувам благосостојба и успех во вашиот нов животен простор.Честитки за новиот почеток и добредојдовте во Connect 5+“, им се обрати ЕЛЕНА ЛУКА на станарите кои во голем број беа присутни на свеченото отворање на Connect5+.

Connect 5+ не е само нов станбен објект во градот. Овој проект е симбол на модерната архитектура на површина од 12.276м2 кој што го одразува духот на современото живеење. Во концептот на домување на Connect5+ кој вклучува108 станбени единици кои варираат со квадратури од 42м2 до 86м2, секој од станарите веќе гопронајде својотсовршен дом што го репрезентиранивниот начин на живот. Она што го прави Connect 5+ навистина посебен се неговите пет карактеристики – Уникатен, Современ, Урбан, Квалитетен и на Топ локација. Токму овие пет елементи ја дефинираат визијата на проектот, што ќе овозможи дом каде станарите ќе се чувствуваат спокојни, исполнети и инспирирани.

Фасадата на објектот, не е само што е естетски импресивна туку и високо енергетски ефикасна, обезбедувајќи природна светлина и циркулација на воздух во текот на целата година. Воедно, обезбедените паркинг места и помошните простории го заокружуваат квалитетното домување во објектот.

Connect 5+ е дом што создава баланс меѓу динамиката на градот и спокојството на приватниот простор. Неговата исклучителна локација во близина на транспортниот центар, со отворена панорама на Скопје, го прави идеално место за живот во современата метропола.

ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ посветено и интензивно периодов работи на повеќе локации. Во фокус на компанијата е изградбата на премиум станбено-деловниот објект FUTURA 2, втор по ред објект во рамки на комплексот FUTURA лоциран во општина Кисела Вода, на одлична локација - булевар „Борис Трајковски“, како и на ултра современиот објект MELODY, во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба во населбата Железара.

ELENA LUKA HOME продолжува да гради според светски стандарди, посветена на мисијата за максимално квалитетно, иновативно, функционално и урбано живеење.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!