Ели Дракуловска нова претседателка на АСО со одлука на Собранието
Објавено во: Економија 31 Декември, 2024
Ели Дракуловска е избрана за нова претседателка на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, државното регулаторно тело кое го контролира работењето на осигурителните компании во земјата.
Таа на функцијата прв човек на АСО ќе го наследи Крсте Шајновски, кому пред извесно време му истече мандатот.
Дракуловска на оваа позиција е одбрана со одлука на Собранието на 27 декември.