20 Декември, 2025
0.2368

Како нуклеарната енергија стана „валкана”

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2022 07:06

Добивај вести на Viber

Засилената енергетска криза повторно низ Европа ја враќа на голема врата идејата за нуклеарна енергија како одговор на недостигот на руски гас, исцрпеноста на хидропотенцијалот поради огромната суша, како и бавното воведување на обновливи извори на енергија од сонце и ветер.

Нуклеарната енергија опфаќа 11% од глобалното производство на струја, а изградба на нов нуклеарен реактор денес се проценува дека чини меѓу 5 и 10 милијарди долари.

Но, ако се тргне настрана итноста на моментот кога наголемо се гори јаглен и се рестартираат стари нуклеарни реактори, да се навратиме малку наназад и да погледнеме како нуклеарната енергија стана „валкана.

Антивоени и зелени движења и по малку руско влијание

По крајот на Втората светска војна нуклеарниот сектор бил исклучиво во рацете на војската. Нуклеарните централи биле строго централизирани во трката за создавање на нуклеарно вооружување.

Во пикот на Студената војна, САД и СССР имале по околу 40.000 боеви нуклеарни глави. Постепено секторот размислувал како прекумерната употреба да ја пренасочи за комерцијална употреба, по што се отвораат првите нуклеарни централи за производство на електрична енергија.

Иако нуклеарната енергија не согорува фосилни горива и не испушта стакленички гасови, сепак носи висок степен на загадување со нуклеарен отпад.

Исто така неколку хаварии и проблемите да се исчистат неупотребливи нуклеарни реактори како и заканата од смртоносна радијација создаде голем притисок од јавноста.

Така се раѓаат зелените и антивоените движење кои во 60-те и 70-те години излегуваат на масовни протести, претежно во Германија, Франција и САД, барајќи децентрализација на енергетскиот дектор и намалување на нуклеарното вооружување. Хаваријата во Чернобил ја стави последната шајка во ковчегот на нуклеарната енергија.

Со падот на Берлинскиот ѕид и крајот на Студената војна, двете велесили значително го намалуваат нуклеарниот потенцијал кој сега брои од 5 до 10 илјади „нуклеарки" на двете страни.

Ако во 70-те години во просек се граделе околу 40 нуклеарни реактори годишно, во последната декада тој просек изнесува околу 5 годишно, според податоците на меѓународната агенција за енергетика ИАЕА.

Но, во поновата ера зелената транзиција не е така идеална како што сакаат да ја претстават еко-движењата. Постојат сериозни сомнежи дека Русија како најголем извозник на природен гас во Европа, силно лобирала против нуклеарната енергија.

Денес, веќе добро знаеме каква е состојбата по војната во Украина и енергетскиот недостиг на Европа кој особено ќе се одрази оваа зима, се додека не се најдат алтернативни извори на природен гас и активирање на новите проекти за обновливи извори на енергија.

Несудената „нуклеарка“ во Македонија

Во минатото често се пласираше идејата дека се потребни околу 5 милијарди евра за земјата да стане целосно енергетски независна, а притоа и да продава вишоци на електрична енергија од новизградените средства.

Според стратегијата за развој на енергетика на МАНУ за периодот до 2020 и со изгледи за следната декада, во едно од сценаријата е и изградба на нуклеарна централа, а како најпогоден простор се споменуваше Мариово, предел кој е речиси целосно иселен.

Сепак, и да се најдоа соодветни инвеститори и да се увезеше соодветно знаење, овој предел е прилично пуст, со слаби водени капацитети, а исто така проблематична е и близината на Грција, па така „мариовската нуклеарна централа“ ќе требаше да се гради или со согласност или со заеднички удел на грчката влада.

Втората опција беше, Македонија да учествува во изградбата на нуклеарната централа „Белене“ во соседна Бугарија чија инвестиција, барем за градбата и технологијата, чинеше околу тогашни 4 милијарди евра со главен изведувач руската компанија AtomStroyExport по принципот „клуч на рака“.

Но, иако тогашното македонско раководство во периодот од 2008 година до конечната изградба размислуваше дали да се вклучи со сопствен удел за замена за дел од произведената електрична енергија, сепак се одлучи да се потпира на сопствено производство и на увоз на струја, и тоа многу често и по цени кои донесоа милионски профити за новосоздадените компании за трговија со струја на слободниот пазар. 

Х. С.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти