19 Декември, 2025
0.1349

Енергија од отпад и нејзиното искористување

Објавено во: Мои пари 30 Ноември, 2022 15:03

Добивај вести на Viber

Употребата на отпадот како гориво преку согорување ги заменува фосилните горива. Максималното искористување на сегашните капацитети за енергија од отпад значително би помогнало во намалување на потребата од дополнителни инвестиции во нови постројки заискористување на отпад.

Цементната индустрија во Европа нуди решение врз основа на принципот „од отпад до енергија“ благодарение на согорувањето. Согорувањето претставува процес во којшто отпадот се употребува како енергенс или суровина. Употребата на отпадот како гориво преку согорување ги заменува фосилните горива како што се јаглен, нафта и гас, додека пак отпадот како суровина може да се употреби како замена за природните минерални ресурси при некои технолошки процеси.

 Во 2018-та година, 52% од потребната енергија во цементната индустрија во Европа била добиена преку согорување на конвенционални фосилни горива а останатите 48% биле добиени со помош на алтернативни горива добиени од отпад. Врз основа на студијата наречена „Статус и перспектива на согорување на отпад во фабриките за цемент во ЕУ“ пресметано е дека во овој сектор, горивата добиени со преработка на отпад, на среден рок може да задоволат до 60% од вкупните потреби за енергија. Во иднина, постои потенцијал нивниот удел да израсне и до 95%.

Максималното искористување на сегашните капацитети за енергија од отпад значително би помогнало во намалување на потребата од дополнителни инвестиции во нови постројки од ваков тип. Имено, само во рамките на ЕУ, земјите членки би можеле да заштедат вкупно 12.2 милијарди евра преку користење на постоечките капацитети во цементната индустрија. Оваа сума на средства приближно соодветствува со потребната за изградба на нови инсенератори за отпад.

Европската комисија има испратено комуникација до Европскиот парламент (The role of waste-to-energy in the circular economy) кој подобро ја претставува можноста за добивање на енергија од отпад што не може да се реупотреби или рециклира. Овој документ објаснува дека согорувањето во цементната индустрија соодветствува на принципот „енергија од отпад“. Дополнително, на земјите членки на ЕУ коишто немаат соодветни капацитети за безбедно согорување на отпад и имаат висок процент на негово депонирање, им се препорачува максимално искористување на капацитетите на цементните фабрики за оваа намена.

Моментално најголема пречка за зголемување на употребата на алтернативните горива добиени од отпад во цементната индустрија, не претставуваат техничките или економските фактори, туку нивната популарност во јавноста.

Извор: https://cembureau.eu/policy-focus/environment/waste-to-energy/

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА