ЕНВЕР МАЛИЌИ ПОСТХУМНО ДОБИ ПРЕСТИЖНО ПРИЗНАНИЕ - наградата за животно дело во областа на туризмот ја прими ќерката Резеарта
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2022
На Светскиот ден на туризмот, министерот за економија Крешник Бектеши, годинава, постхумно му додели признание за животно дело во областа на туризмот на господинот Енвер Малиќи.
Ова престижно признание, во име на семејството Малиќи, ја прими неговата ќерка Резеарта Малиќи.