ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година
Објавено во: Свет 12 Декември, 2012 15:44
Европскиот парламент го усвои буџетот на Европската унија за 2013 година во согласност со договорот постигнат со државите членки. Европратениците прифатија намалување на предвидените издатоци за идната година со исправка од шест милијарди евра, кои ќе послужат за плаќање на издатоците направени во 2012 година, но кои се уште не се платени.
Европската комисија за оваа намена бараше девет милијарди евра. Според прифатенеиот договор новиот буџет кој ќе биде усвоен на почетокот од 2013 година ќе треба да ги покрие сметките направени во 2012 година.
Буџетот на ЕУ за 2013 година изнесува 132,2 милијарди евра кредитна линија, наместо побараните 138 милијарди од Комисијата. Постигнатиот договор предвидува измена на буџетот на ЕУ во текот на годината, ако се појави нов дефицит.
За идните трошења на ЕУ предвидува 150,9 милијарди евра, за споредба во годинашниов буџет беа предвиедни 147,2 милијарди.
Според изгласаниот документ во Стразбур, буџетот на ЕУ претставува само 0,99 отсто од бруто домашниот производ, односно 1,13 отсто ако се земе предвид буџетот со предвидените трошења. За споредба буџетот во 2012 изнесуваше 1,05 проценти и 1,15 отсто. од БДП
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




