18 Декември, 2025
0.0919

„Секјурити Солушнс“ советуваат: Како најдобро да го заштитите имотот и домот од провалници

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2018 06:47

Добивај вести на Viber

Секојдневно слушаме разни муабети како растат пријавените случаи на кражби, обивање на станови и куќи и слично. Токму тоа не поттикна да ве информираме повеќе околку начинот на заштитата па од прва рака ви откриваме кој е најдобриот начин да не бидете мета на крадците. 

Совети ококу темата техничко обезбедување побаравме од Секјурити Солушнс (Security Solutions) компанија која од 2012 година се занимава со техничко обезбедување. Ернест Хаџија и Тони Каровски се двајцата „виновнци“ со долгогодишно искуство за постоење на Секјурити Солушнс а во разговорот со нас ни откриваат корисни работи.

Како што ни раскажаа нивната компанија е во чекор со најновите технологии кои се нудат како кај нас така и во најразвиените земји во светот. Располагаат со широк спектар на алармни системи, детекција и дојава на пожар, системи за видео надзор, контрола на пристап и евиденција на работно време, домофонија и многу други системи кои спаѓаат во техничко обезбедување. 

„Секјурити Солушнс на пазарот секогаш настапува професионално, со современи технички средства и соодветно оспособен персонал. Нашиот професионален пристап кон услугите што ги нудиме има јасна цел – квалитетен краен производ. Тоа овозможува подобрување на имиџот на компанијата и јакнење на довербата кај нашите корисници на услуги“, велат во интервјуто за Фактор, Ернест и Тони.


Фактор: Вашата компанија се занимава со дизајнирање и инсталирање на разни системи за техничко обезбедување. Обезбедувањето во последно време е доста актуелна тема. Можете ли подетално да ни објасните какви услуги нудите?

-Секјурити Солушнс (Security Solutions) нуди сe што е поврзано со техничко обезбедување: противпровални системи, системи за видео надзор, противпожарни системи ,заштитни рампи, контрола на пристап, домофонија и уште многу системи кои што служат за заштита.

Фактор: Во последнава година сме сведоци на зголемен број на кражби, обивање на станови и слично. Кој е вашиот совет за граѓаните, кој е најдобриот начин за заштита?

Да точно е тоа дека во последно време е зголемен бројот на кражби и поради тоа заштитата станува се понеопходна. Нашата компанија нуди решенија кои што во целост ги спречуваат крадците со навремена реакција на  системот. Како наш  предлог за заштита од провала најчесто е алармен систем кој при обид за провала почнува силно да свири и дојавува на мобилен телефон или во агенција за обезбедување.


Фактор: Колку како компанија ги следите светските трендови во обезбедувањето? Колку според вас се промени работата од почетокот на основањето на агенцијата до денес?

-Техничкото обезбедување секојдневно се надоградува и оди напред и според тоа ние внимателно ги следиме сите светски трендови и новитети за да бидеме во чекор со времето. Во согласност со тоа од почетокот на нашето постоење досега забележжуваме голем напредок и зголемен број на клиенти.

Фактор: Каква е иднината на компаниите кои како вас се занимаваат со обезбедување во Македонија? 

-Компаниите кои се занимаваат со системи за техничко обезбедување одат по нагорна линија бидејќи за разлика од порано сега овие системи стануваат се подостапни за корисниците бидејќи се со пониски цени и секој може да си дозволи да се заштити и при тоа се повеќе се зголемуваат потребите од компаниите за техничко обезбедување.

Фактор: Како се справувате со конкуренцијата имајќи предвид дека на пазарот постојат повеќе компании како вашата?

-Нашата компанија има коректен однос со конкурентските компании бидејќи многу важен дел е и разменаta на искуства така да се трудиме да имаме соработка со сите наши колеги со крајна цел уште попрофесионално делување.

Фактор: Кон кој правец ја гледате експанзијата на оваа дејност?

-Со оглед на тоа што секојдневно е се поголема побарувачката од нашите услуги оваа дејност оди во многу позитивен правец.

Фактор: Има ли шанси искусен разбојник/крадец да го „надмудри“ алармот? 

-Нашата компанија имплементира најквалитетни и најсовремени брендови на техничка опрема со висок степен на заштита така да не постои простор за било кој да онеспособи систем за заштита.


Фактор: За што најмногу бараат заштита од вас граѓаните во поглед на безбедноста-што обезбедуваат најмногу (недвижен имот, велосипеди, автомобили, сефови...)

-Во последно време како што споменавме техничкото обезбедување станува се позастапено . Имаме побарување за заштита буквално на се. Од станови и куќи на физички лица до деловни објекти од сите типови. Интересно е да се спомене дека во последно време е се побарана периметарската заштита т.е. заштита на дворови односно надворешните делови од објектите.


Фактор: Која е најбрзата интервенција со која сте се соочиле како компанија?

-Security Solutions е компанија која е препознатлива по брза и квалитетна интервенција односно имплементација и сервис. Ние се трудиме тоа да го одржиме и уште повеќе да го подобруваме со краен резултат зголемување на бројот на задоволни клиенти поради кои ние постоиме.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери