17 Октомври, 2024
0.0261

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Изминатиот септември е месец на незапаметливо најслабо производство на електрична енергија од страна на АД ЕСМ и неговите подружници, пред се РЕК Битола и акумулациите. Компанијата учествувала едвај со 37,6 отсто во домашното производство на струја.

Извештајот што пред два дена го објави националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО за податоците за количините на струја покажува дека државните електрани произвеле само 165 гигаватчасови струја. Втор најслаб месец годинава по септември е тој претходно - во август, но со далеку подобар резултат - 233 гигаватчасови. Септември бил месецот кога ЕСМ произвел двојно помалку од најдобриот месец во 2024 - февруари, кога се евидентирани 369 гигаватчасови, или повеќе од двојно подобро во однос на најнепродуктивниот месец.

Поради слабото производство во септември, според извештајот на МЕМО, при предавањето на струјата на ЕВН Хоме, на произведените 165 гигаватчасови, требало ЕСМ да докупи уште 32 гигаватчасови за да го задоволи договорот од 85 отсто од потребите на универзалниот снабдувач на регулираниот пазар.

И минатата година (2023) немало ниту приближно ваков месечен резултат. И тогаш месец септември бил најслаб, но се произвеле 223 гигаватчасови,  а најуспешен бил јануари кога компанијата предала високи 428 гигаватчасови.

Изминатиот период блоковите во РЕК Битола често беа вон функција, а раководството на ЕСМ самото призна дека хидроакумулациите се на ниско ниво. Во моментов нема ниту наоѓалишта на висококалоричен јаглен. Директорот за производство Зоран Коњановски рече и дека се репреговарало со увозниците на јаглен.. Третиот блок на РЕК Битола бил блокиран од увезен битуменизен јаглен, несоодветен на технологијата на комбинатот. Наслагите биле во висина до 13 метри и три месеци морало да се отстрануваат со минирање и со рударска опрема.

Самиот МЕМО во извештајот потврдува дека минатиот месец независните (приватните) производители како гасната централа ТЕ-ТО и останатите централи заедно произвеле процентуално повеќе отколку ЕСМ.

„Независните производители со 179 GWh учествуваат со најголем процент од 40,6%, потоа следува ЕСМ со 165 GWh, поточно со 37,6%, потоа виртуелни производители со 69GWh односно 15,7%  и повластените производители на електрична енергија со  24GWh односно 5,5%“, искоментира меѓудругото МЕМО во месечниот извештај.

Министерката за енергетика Сања Божиновска пред две недели го потврди она што и Коњановски го кажа, дека капацитетите во РЕК Битола не се во најдобра кондиција. 

– Ќе гледаме да набавиме на малку подолгорочен период, да не купуваме за мал период, цените на берза се околу 100 евра за мегават/час, следните седум дена ќе правиме енергетски биланс. Што се однесува за финансии, со премиерот дискутиравме да набавиме пари за да купиме струј и тоа ќе биде најверојатно финансирано преку домашните банки. Универзалниот снабдувач следната недела ќе ги достави своите потреби за следната година. Ние ќе видиме колку ЕСМ може да произведе од домашното производство – рече Божиновска.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?

ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ ТРОГОВСКИ ЛАНЕЦ ТРГНУВА ДА ГО ОСВОЈУВА БАЛКАНОТ: Прво почнува во Србија, еве каков е планот

ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ ТРОГОВСКИ ЛАНЕЦ ТРГНУВА ДА ГО ОСВОЈУВА БАЛКАНОТ: Прво почнува во Србија, еве каков е планот