17 Октомври, 2024
0.0259

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Нов пад на прометот во индустријата регистрираше Државниот завод за статистика. Имено, во август годинава, во однос на истиот месец лани прометот е намален за 8,9 проценти.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6 проценти, Капитални производи за 18,3 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 проценти, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто.

- Прометот во индустријата, вкупно, во август во однос на јули 2024 година, е намален за 6,4 проценти. Во периодот јануари – август годинава, пак, во споредба со истиот период од 2023 се бележи пад од 12,8 отсто.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во август 2024 година е помал за 9,6 проценти. Според главните индустриски групи, опаќање се бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23 отсто, Капитални производи за 27,3 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,3 отсто, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти - се наведува во соопштението на ДЗС.

Намалување од 10,5 проценти е евидентирано и во прометот во индустријата на странските пазари, во август годинава во оснос на август лани. Според главните индустриски групи, опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,6 проценти, Капитални производи за 18,4 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто.

Во август, во споредба со јули 2024, намалувањето е 6,3 проценти, додека во периодот јануари – август споредено со истиот период од 2023 година, падот изнесува 16,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?

ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ ТРОГОВСКИ ЛАНЕЦ ТРГНУВА ДА ГО ОСВОЈУВА БАЛКАНОТ: Прво почнува во Србија, еве каков е планот

ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ ТРОГОВСКИ ЛАНЕЦ ТРГНУВА ДА ГО ОСВОЈУВА БАЛКАНОТ: Прво почнува во Србија, еве каков е планот