17 Октомври, 2024
0.0970

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра и вработување на околу 100 луѓе. 
Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, приоритет на којшто Владата е силно фокусирана, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно да се зголемат до крајот на годината.

„Да, да тоа е исто така убава, добра вест. Имаме една нова инвестиција којашто е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме, ова е инвестиција на компанијата „Бреjнчаjлд“. Вредноста е некаде околу осум и пол милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од 3.000 квадратни метри. Така што во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште, уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината“, изјави премиерот Мицкоски.

Носењето на нови странски инвестиции значи и отворање на нови работни места. Затоа Владата посветено работи и ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој и целосна трансформација на државата.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?

Која државна институција ќе „поарчи“ 3.500 топа хартија за печатење во ера на дигитализација?

ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ ТРОГОВСКИ ЛАНЕЦ ТРГНУВА ДА ГО ОСВОЈУВА БАЛКАНОТ: Прво почнува во Србија, еве каков е планот

ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ ТРОГОВСКИ ЛАНЕЦ ТРГНУВА ДА ГО ОСВОЈУВА БАЛКАНОТ: Прво почнува во Србија, еве каков е планот