ЕУ: Ако двете страни го прифатат францускиот предлог ќе може да се закажат меѓувладини конференции
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 16:26
Oд Брисел велат дека на маса е финален компромис кој треба да биде прифатен од двете страни, во однос на францускиот предлог.
По најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека е уверен дека е постигнат добар компромисен договор за Бугарија и Северна Македонија, од Советот во ЕУ ги поздравија неговите напори, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Ако предлогот биде прифатен ова ќе овозможи исчекор за кој ЕУ работи веќе две години, изјави висок дипломатски извор за новинарите во Брисел.
Тој рече дека ЕУ го поздравува ангажманот на француското претседателство да се постигне заеднички прифатливо решение за отворањето на преговорите со Северна Македонија.
Ако двете страни го прифатат предлогот веднаш ќе може да се усвои преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ за Северна Македонија, но и за Албанија, по што може да се закажат меѓувладини конференции.Македонија претходно го отфрли францускиот предлог како неприфатлив.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




