ЕУ и Русија ќе разговараат со учество на Украина за трговската спогодба на Киев со ЕУ
Објавено во: Свет 14 Јуни, 2014 11:45
Разговори на високо ниво ќе одржат Европската унија и Русија со учество на Украина по прашањето за очекуваното од Киев потпишување на спогодба за слободна трговија со ЕУ, откако Москва предупреди минатата недела дека ќе одговори со мерки за заштита на својата економија.
Владата на Украина се подготува да потпише спогодба со ЕУ на 27 јуни и покрај стравувањата на Русија дека тоа ќе и наштети на руската економија.
ЕУ во ноември минатата година ја отфрли идејата за трилатерални разговори со Русија за спогодбата за асоцијација на Украина со Унијата.
Сегашниот предлог сепак не и дава право на збор на Русија во однос на спогодбата на Украина, туку само нуди можност за тристрани консултации, кои се однесуват на последиците од договорот.
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо вчера во телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин предложил да биде зголемено на политичко нивото на консултации со Москва за спогодбата на Украина.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




