ЕУ МОЖЕ ДА НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА РУСКИОТ ГАС: Фон дер Лајен го откри планот
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2024
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вели дека Европската Унија(ЕУ) би можела да ја разгледа можноста за увоз на течен природен гас (ТНГ) од САД наместо од Русија.
„Сè уште добиваме голем дел од гас од Русија, а зошто да не го замениме со американскиот, кој ни е поевтин и ни обезбедува пониски цени на енергијата“, изјави Фон дер Лајен, пренесува Ројтерс. Вели дека пристапот на ЕУ кон трговската политика, кој ќе се применува кога Доналд Трамп повторно ќе ја преземе функцијата претседател на САД во јануари, ќе се заснова на ангажман, разгледување на заедничките интереси и преговарање. Според податоците на Европската комисија, магацините во земјите членки се со капацитет од 95 отсто месец и половина пред доаѓањето на зимата. Според прописите што во меѓувреме ги усвои Европската унија, магацините на 1 ноември мора да бидат на 90 проценти. Затоа и оваа есен, како и лани, членовите ја надминаа целта.