ЕУ парите од Нобеловата награда ќе ги додели за образование на деца
Објавено во: Свет 18 Декември, 2012 13:34
ЕУ донесе одлука кои пет организации ќе го поделат износот на паричниот дел од Нобелова награда за мир, која годинава и беше доделена на Унијата. Парите ќе бидат наменети за образование на деца ширум светот.
Меѓу организациите кои ќе добијат парични средства се Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и „Спасете ги децата“.
Освен износот на паричниот дел на Нобеловата нграда, ЕУ вложи и сопствени средтства, така што петте организации ќе поделат вкупно два милиона евра, јавија скандинавските медиуми.
Освен УНИЦЕФ и „Спасете ги децата“, пари од ЕУ ќе добијат и норвешкиот Бегалски совет, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и хуманитарната организација „Актед“
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




