ЕУ: Стоп за руската нафта
Објавено во: Свет 12 Септември, 2014 10:56
Проширените европски санкции за Русија, кои се усвоени минатата недела, стапија на сила денеска, соопштуваат од Европскиот совет.
На удар се најдоа пет руски банки и три државни нафтени компании, на кои од сега ќе им биде забранет пристапот на европскиот пазар на пари, стои во соопштението на Советот. Освен тоа, санкциите опфаќаат забрана за извозот на оружје во Русија, како и таканаречената двојна употреба на технологијата, која може да се употребува и во цивилни и во воени цели, ккао и забрана на извозот на опрема за истражување и експлоатација на анфта, што на Русија ќе и го отежне пристапот на навооткриените наоѓалишта во арктичкиот појас.
Европскиот совет, кој го сочинуваат претставници од 28 земји членки на ЕУ одлучи да ја прошири „црната листа“ на руски функционери на кои им е забранета да патуваат и соработуваат во ЕУ додавајќи нови 24 имиња, така да та сега се однесува на 119 личности. Одлуката за воведувањето на санкциите Русија поради „агресијата“ врз Украина членките на ЕУ ја донесоа во петокот минатата недела, а со тоа што одлучиле да ја одложат примената додека не видат дали прекинот на огнот во Украина ќе се одржи.
Иако примиријето воглавно се почитува, а Русија и Украина разговараат за мировниот план, одлучено е санкциите да стапат на сила од денеска, откако таа одлука биде објавена во службениот весник на ЕУ, кога ќе биде познат и списокот на правни и физички лица на кои санкциите се однесуваат. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј рекол дека Европската унија би можела да ги укине санкциите на Русија доколку извештајот кој треба да биде направен до крајот на септември, потврди дека е спроведен мировниот план во Украина.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Европската унија изгледа донела одлука да биде против мирно решавање на кризата во Украина. Одредувајќи нови санкции на Москва, наведува МНР на Русија, Европската унија всушност направи свој избор, а тоа е да биде против мировното решавање на внатрешната украинска криза, наведува министерството и додава дека Москва очекувала поддршка за мирно решавање на кризата од сите одговорни сили во Европа.
„Брисел и шефовите на државите на ЕУ, треба да дадат јасен одговор на граѓаните на ЕУ затоа што тие се предмет на ризик од конфронтација, економска стагнација и губење на работа“ се вели во соопштението. Во соопштението се додава дека новите анти-руски санкции, кои ги објави пртеседателот на Европскиот совет Х.В. Ромпеј, нема да останат без реакција од страна на Москва.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




