16 Јануари, 2025
0.0943

Еуроконтрол: Организацијата на воздушниот сообраќај во Македонија е одлична

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија покажува одлични резултати во протокот  и организацијата на воздушниот сообраќај, изјави денеска директорот на Еуроконтрол Франк Бренер.

- Во последните пет години нема никаков застој во капацитетот и протокот во воздушниот простор на Македонија. Сакам да упатам честитки за позитивните резултати  бидејќи нема никакви инциденти  во сигурноста  и безбедноста на авиосообраќајот, рече Бренер по  средбата со директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсоски.

Фактот што е во посета на Македонија еден месец по стапувањето на функцијата, според него, го покажува значењето на македонскиот воздушен простор за Еуроконтрол.

На новинарско прашање дали македонската Влада ја информирале Еуроконтрол за извештајот на  Министерството за финансии дека платите во Македонска навигација М-НАВ се високи, Бренер рече дека од гледна точка на Еуроконтрол македонскиот давател на услуги си ја врши одлично работата.

- Ве уверувам дека од гледна точна на Еуроконтрол  давателот на услуги врши одлилна работа и дава одлични услуги не само во однос на капацитетот и безбеднсота, туку и во ефикасноста. Давателите на вакви услуги секогаш  се споредуваат со другите даватели. Цените коишто тие ги нудат воопшто не се конкурентни во однос на другите даватели на услуги. Овие податоци се јавно изнесени и секој може да ги провери и сметаме дека тие податоци се одлични, изјави Бренер.

Прашан за коментар на висината на цената на прелетите што ги наплаќа М-НАВ, посочи дека Македонија работи според строгите правила за пресметување на надосметоците за прелет, што ги применуваат сите 39 земји членки на Еуроконтрол.

- Вашата земја  работи според тие правила без никаков исклучок. Секакви промени на пресметките мора да бидат на иста линија со прописите на Еуроконтрол. Количината на сообраќајот што поминува преку една земја зависи од воздушните патиша, односно  од користењето на линиите. Менаџерот на мрежата соработува со М-НАВ и со Управата  во насока на тоа како да се одвива протокот  на сообраќајот во иднина. Тоа е клучниот фактотр за привлекување поголем сообраќај во иднина, појасни директорот на Еуроконтрол.

Со директорот на АЦВ Мојсосоки разговарале за натамошниот развој  на воздухопловната област, регулативата за вклучувањето во заедничкото европско небо, растот на  воздушниот сообраќај и идните проекти за подобрување на перформансите на европскиот систем.

- Имавме извонреден состанок со директорот на Еуроконтрол, пред кој ја претставив  генералната слика на водухопловството во Македонија и му ги изложивме сите перформанси и заложбите за имплементација на пакетот  регулатива за интеграцијата во единственото европско небо, како и составувањето на единствениот европски пазар, изјави Мојсоски.

Можеби ќе ве интересира

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE