Еуролинк осигурување третпат организира бесплатна туристичка тура со наслов „Мапа на културата“
Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2016 11:50
„Мапа на културата“ е дел од
платформата за општествена одговорност „Еуролинк- Вашата врска со вистинските
вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура,
уметност и образование.
Туристичките прошетки што се дел од проектот „Мапа на културата“ ќе се
реализираат во текот на целата година во неколку етапи и ќе се посетат повеќе
локации и знаменитости низ цела Македонија.
Со новиот концепт на реализација на овој проект, Еуролинк овозможува граѓаните
на Македонија да дознаат повеќе за културните богатства и локалитети низ целата
држава.
Првата дестинација е посета на археолошкиот локалитет „Стоби“.
Сите заинтересирани ќе можат да се пријавуваат од денеска, 17 октомври, до 21 октомври 2016 год - петок на следната електронска адреса: mapanakulturata@eurolink.com.mk со испраќање име и презиме, возраст и телефон за контакт.
„Еуролинк осигурување” ги покрива сите трошоци за организација на настанот што вклучуваат логистика, професионални водичи, билети за посета на локалитетот, како и подароци и освежување за учесниците во турата.
Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 29.10.2016 - сабота со поаѓање од Дрво Декор во 10.00. Неколкучасовната посета претставува и уникатна можност учесниците да ги чујат интересните приказни за ова аерхеолошко пронаоѓалиште и белег на нашата историја и да ја искористат можноста преку прашања и дискусии со водичите да дознаат што повеќе за убавините на нашата држава.
Можеби ќе ве интересира
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА




