29 Јануари, 2025
0.0365

МИЦКОСКИ: Немам проблем да иницирам средба со Бугарија

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија истакна дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови.

„Немам проблем да иницирам средба со Бугарија, ние сме соседи и логично е да иницираме таква средба, да се запознаеме, колеги сме, соработуваме, заедно сме во НАТО. Апсолутно ќе побарам средба“, потенцираше  Мицкоски.

Премиерот додаде дека на таа средна треба да се види дали можеме да ги надминеме разликите околу тоа како ние го гледаме патот на Македонија до полноправно членство во Европската Унија и како тие го гледаат.

„Тука е разликата генерално, затоа што ние секако за иста тема имаме различни гледишта. Ние имаме наша стратегија, суштината една, а тоа дали нас после две децении ќе ни биде дозволено да го почнеме процесот на преговори и истиот да се вреднува според постигнување, а не билатерални спорови. Да видиме дали тука можеме да се најдеме, па потоа да бараме решение за се останато“, изјави премиерот Мицкоски.

Бугарија од Македонија бара да ги внесе Бугарите во Уставот. 

Можеби ќе ве интересира

ОТРОВНО РАСТЕНИЕ Е ПРИСУТНО ВО ТИКВЕШИЈАТА: Moже да биде фатално за добитокот

ОТРОВНО РАСТЕНИЕ Е ПРИСУТНО ВО ТИКВЕШИЈАТА: Moже да биде фатално за добитокот

СТАВРЕСКИ, ВЕЉАНОСКИ, ПЕШЕВСКИ: Kои се советниците на Мицкоски?

СТАВРЕСКИ, ВЕЉАНОСКИ, ПЕШЕВСКИ: Kои се советниците на Мицкоски?

(ВИДЕО) БУГАРСКИ АНАЛИТИЧАРИ: Мицкоски го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ

(ВИДЕО) БУГАРСКИ АНАЛИТИЧАРИ: Мицкоски го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ

ДЕВОЈЧИЊА ИСТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИЧКА: Тепачката ја снимиле и ја објавиле на социјалните мрежи

ДЕВОЈЧИЊА ИСТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИЧКА: Тепачката ја снимиле и ја објавиле на социјалните мрежи

ПОВТОРНО ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град на југот

ПОВТОРНО ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град на југот

ЖИТЕЛ ОД РАДОВИШКО ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ: Поведена истрага

ЖИТЕЛ ОД РАДОВИШКО ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ: Поведена истрага

ОД СОВЕТНИК ЗА ЗДРАВСТВЕНА ПОЛИТИКА, ДО АМБАСАДОР ВО ФРАНЦИЈА: Еве кој ќе биде во амбасадата во Париз

ОД СОВЕТНИК ЗА ЗДРАВСТВЕНА ПОЛИТИКА, ДО АМБАСАДОР ВО ФРАНЦИЈА: Еве кој ќе биде во амбасадата во Париз

ХИРУРГ ОД БИТОЛА ФАТЕН СО ОБЕЛЕЖАНИ ПАРИ ЗА ПОТКУП - полицијата го приведе, еве ги деталите

ХИРУРГ ОД БИТОЛА ФАТЕН СО ОБЕЛЕЖАНИ ПАРИ ЗА ПОТКУП - полицијата го приведе, еве ги деталите

ПОРАНЕШЕН ПОМОШНИК МИНИСТЕР И ВРАБОТЕНА ВО МВР ДОБИЈА КРИВИЧНИ - место оглас, склучиле спогодба по итна постапка

ПОРАНЕШЕН ПОМОШНИК МИНИСТЕР И ВРАБОТЕНА ВО МВР ДОБИЈА КРИВИЧНИ - место оглас, склучиле спогодба по итна постапка