ФАКТОР НА ДЕНОТ: САД ги прекинува исплатите и за македонскиот невладин сектор за најмалку 90 дена
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2025
САД ГИ ЗАПИРА ИСПЛАТИТЕ И ЗА МАКЕДОНСКИОТ НЕВЛАДИН СЕКТОР
Амбасадата на САД од утрово ги информирала сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано проекти во Македонија – да запрат со реализацијата и ништо да не исплаќаат, во согласност со извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел и Египет на 90 дена.
Ваквото барање беше студен туш за сите што веќе работат со амбасадата, бидејќи очекувањата беа дека наредбата ќе се однесува за новите проекти, а не за тековните.СТОИЛКОВИЌ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД УНИШТЕНОТО БМВ
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Сотилковиќ, објави фотографии од БМВ-то кое му припаѓало на Министерството за политички систем, вредело 60.000 евра, но било „демонтирано“ на сервис, каде било пронајдено.
Тој претходно посочи дека возило џип БМВ вредно 60 илјади евра било пронајдено во многу лоша состојба во сервис за поправка каде од него биле вадени делови и истите биле користени за потребите на сервисот.ОБВИНИТЕЛКАТА КРСТЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ ШТО ПРАВЕЛ ПАЛЧО
Обвинителството има преземено доволно дејствија, сите наводи на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се неосновани, изјави јавната обвинителка Жаклина Крстевска.
Според Крстевска, очигледно е дека обвинетиот Љупчо Палевски поднесеното барање за изземање го искористи да ги изнесе сите свои наводи кои што начелно му одат во поткрепа на негова одбрана.И БОСАНЦИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ САКААТ ДА ГИ БОЈКОТИРААТ ТРГОВЦИТЕ
Oткако Хрватите пред неколку дена ги бојкотираа трговците поради високите цени, сега и Црногорците повикуваат на бојкот на продавниците во петок.
Алтернатива Црна Гора ги повика граѓаните во петок да ги бојкотираат сите супермаркети и продавници во државата, објави Кафе дел Монтенегро.
„Можеме ли тој еден ден да ја оставиме политиката на страна, да не се делиме, сите да бидеме едно, за да им покажеме дека ние одлучуваме?“, прашува Алтернатива Црна Гора.
Најавена е таква акација и во Босна и Херцеговина(БиХ) за петок.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ