ЕВЕ КАКО ЕУ ГО ПОЛНИ БУЏЕТОТ: Главниот извор на приход не се земјите-членки

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2025
Откако царините за шеќер беа укинати во 2017 година, царинските давачки за увоз од земји надвор од Европската унија останаа единствениот традиционален извор на приходи за буџетот на ЕУ.
Во далечната 1970 година, Одлуката 70/243 на Советот и овозможи на ЕУ да почне да ги собира сопствените приходи, наместо да се потпира само на придонесите од земјите-членки. Првите сопствени ресурси опфаќаа давачки за земјоделски производи, царини и ресурси врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ).
Царинските давачки се нарекуваат Традиционални сопствени ресурси (TOR) затоа што од самиот почеток биле директен извор на приходи за буџетот на ЕУ. Ова ги разликува од ДДВ и националните придонеси, кои земјите-членки ги префрлаат во буџетот на ЕУ.
Овие давачки произлегуваат како дел од трговските и комерцијалните политики.
Како функционира?
Колекција
Земјите-членки се одговорни за наплата на царинските давачки според правилата поставени од Советот на ЕУ. Ова значи дека секоја земја мора да има добар контролен систем за да се осигура дека нејзините царински служби ја вршат својата работа правилно.
Во периодот од 2021 до 2027 година, земјите-членки задржуваат 25 отсто од вкупно наплатените царини. Тој процент им помага да ги покријат трошоците за наплата, но и ги мотивира да се потрудат и да ги соберат сите пари што се потребни.
Плаќања
Собраните пари се доставуваат до Комисијата секој месец, два месеца по утврдувањето на правото на плаќање. Земјите-членки ја информираат Комисијата за тоа колку собрале преку детален извештај. Ако некоја земја доцни со плаќање, мора да плати камата за доцнењето.
Контроли
Комисијата постојано комуницира со земјите-членки за да обезбеди правилно собирање на TOR во согласност со царинското законодавство на ЕУ. Земјите-членки мора да ги почитуваат финансиските правила кои се поставени за да се осигура дека сè е транспарентно и точно. Ако некоја држава направи административна грешка и изгуби некој денар, таа е одговорна да ги надомести тие пари.
ЕуправозатоМожеби ќе ве интересира
ЦЕНАТА ЌЕ БИДЕ НАД 3.000 ДОЛАРИ ЗА УНЦА: Дали сега е вистинско време да инвестирате во злато?

„Костал“ е првата компанија која ќе плати корпоративен данок во Македонија

КОМПАНИЈАТА НА КУРЦ СТАНУВА „ЕДНОРОГ“ ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Генерира импресивни 130 милиони долари приход за само една година

Трговците повторно бараат итна средба: Загрижени сме од донесените мерки на Владата

Николоски: Ќе го ревидираме автопатот Требеништа - Ќафасан

ИСКУСНИОТ МЕНАЏЕР ГОРАН МАРКОВСКИ ДОАЃА НА ЧЕЛО НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - Таневски и официјално веќе нема ништо со компанијата со која долги години управуваше
Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање

ПОЧНА ПАТУВАЊЕТО НА НОВИОТ ГАСОВОД МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА: Еве што пишуваат грчките медиуми

„ФЕРШПЕД“ ГО ПРОДОЛЖУВА КОРИСТЕЊЕТО НА БАНКАРСКИ КРЕДИТ ОД 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЀ ДО 2036 ГОДИНА - еве каков имот е ставен под залог
