17 Декември, 2025
0.0552

ЕВЕ КОЈ ЈА ДОБИ ЧАШАТА ВО ГЛАВА ОД АДЕМИ - пратеникот Елми Азири од Алијанса вели дека срамот го видела целата јавност

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2022 05:59

Добивај вести на Viber

Вчерашниот бурен ден во Собранието донесе и физички повреди, (само) расечена рака, но и чаша во глава за пратеникот на Алијанса, Елми Азири. Тој случајно или не, најмногу настрада во инцидентот.
Од објавените видеа може да се види како тој се држи за увото токму по замавнувањето на адеми со чашата.


Подетална објава на фејсбук има пратеникот.
„Денес се потврди на дело дека слабата точка на криминализираната власт беше и се уште е судската власт!

Криминалот, корупцијата, уличарството и нивните сценарија се манифестираа со вандалски и насилнички акти каде со или без намера беше погоден и пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири.

Цело ова срамно сценарио започна со обидот за продолжување на мандатот на партиските судии и обвинителите од власта, преку шверцување на законот. Откако се спротивставивме, претседавачот Арбр Адеми лично го навреди Пратеникот Халил Снопче кој јавно го повика да се извини, но, такво нешто не се случи. Пратеникот Снопче потоа повторно побара процедурална интервенција што беше одбиено и се обиде да го изгласа дневниот ред. Во знак на револт, ние пратениците на Алијанса за Албанците дојдовме на говорницата да го одбраниме нашето право на дискусија и да го спречиме шверцувањето на законот. Потоа следеше срамот кој го виде целата јавност, насилство и вандализам на координаторот на ДУИ.

Ова не е прв пат да прават вакви насилни сценарија за да го сокријат криминалот, корупцијата и заробеноста на државата. Имаше многу случаи во Собранието и на политичката сцена кога пратениците на ДУИ можеа да се покажат, но сите ги видовме како бегаат од комисиите каде треба да се заштитат граѓаните или како се прегрнуваат со криминалци“, напиша Азири на својот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски