ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ НИ ТРЕБААТ ЗА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ – се зголемува и бројот на корисници
Објавено во: Финансии 26 Септември, 2025 08:43
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ги „скори“ буџетите за следните три години, а нивниот стратешки план за 2026 – 2028 година покажува дека од година во година ќе трошат повеќе пари.
Фондот веќе објави дека следната година нивниот буџет ќе достигне до 2,4 милијарди евра, сума која е поголема од годинешната планирана до 2,2 милијарди евра.
Проекциите кои ги направи ПИОМ за следните три години покажуваат дека ќе имаа повеќе пензионери, а оттаму е потребен поголем буџет за Фондот да може да ги исплаќа навреме пензиите.
Според проекциите во текот на следната година се очекува пензија да земаат 351.676 корисници, додека пак во 2027 година нивнот број ќе достигне на 355.193 корисници. Веќе во 2028 година бројот на пензионери треба да се зголеми уште повеќе и да достигне до 359.100 корисници на пензии по различен основ.

Планот на ПИОМ покажува дека во текот на 2027 година се планира вкупен буџет кој надминува 2,5 милијарди евра или се планира да бидат потрошени 158.955,10 милиони денари.
Веќе во 2028 година нивниот буџет би требало да порасне на 2,7 милијарди евра, или 167.046,15 милиони денари.
Притоа од табелата се забележува дека најголемиот трошок се секако средствата планирани за исплата на пензиите.
И тие следната година достигнуваат до 117.162,88 милиони денари, веќе во 2027 година би достигнале 124.695,91 милони денари. Додека пак во 2028 година вкупниот трошок за пензиите би изнесувал 130.830,13 милиони денари.
Меѓу поголемите трошоци на ПИОМ се и исплатите за здравство, како и исплатите за приватните пензиски фондови.
Еве ги точните планови на ПИОМ за финансиските трошоци за следните три години.

Вкупната просечна пензија во декември 2026 година се планира да достигне износ од 27.522 денари, или за 3,85 отсто повеќе во споредба со декември 2025 година.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




