05 Декември, 2025
0.0629

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ПЛАТИ ФАТМИР ЕТЕМИ ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - членот на Надзорниот одбор го зајакнува својот капитал

Објавено во: Финансии 05 Јуни, 2024 15:12

Добивај вести на Viber

Фатмир Етеми, членот на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, се стекнал со 84 нови акции од банката.

За ова банката ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза. 

Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Фатмир Етеми, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 84 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во објавата од банката.

Нема информации кога точно Етеми ги купил овие акции, но факт е дека акцијата на Комерцијална банка постојано расте на берзата. Така што денеска таа се продаваше по цена од 18.634 денари за акција, а на една блок транскација со акции на банката која помина во текот на денешниот ден, кога се истргуваа 175 акции, една акција се продаде за сума од 18.600 денари.

Па така претпоставка е дека Етеми платил сума од околу 25 илјади евра за овие акции.

Ова не е прв пат Фатмир Етеми да се стекне со акции на Комерцијална банка. 

Во февруари годинава пишувавме дека Етеми купил 500 акции на Комерцијална банка. Тие беа купени по цена од 16.400 денари, што значи дека овој градежен бизнисмен за нив платил вкупна сума од над 133 илјади евра. 

Тој и претходно, во повеќе наврати, има купувано по помали количини акции од банката, но неговиот пакет е помал од 5 проценти, па затоа не може од Централниот депозитар за хартии од вредност да се види со колку тпочно акции располага членот на НО на Комерцијална Фатмир Етеми.

Инаку Фатмир Етеми е сопственик на ЗСФ-КОМ, компанија од градежниот бизнис во земјава.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката