ЕВЕ ШТО МУ ПОНУДИЛ ОРБАН НА МИЦКОСКИ: Премиерот ги сподели деталите од понудата на унгарскиот премиер за решавање на спорот со Бугарија
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2024
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски синоќа изјави дека во преговори не се влегува само за да се учествува, туку треба да се избориме за успех. Мицкоски кажа дека владините претставници го презентираат ставот во однос на почетокот на преговори со ЕУ и разговорите со Бугарија и дека е потребно трпение.
- Не сум во оваа приказна само за да учествуваме, туку да завршиме со успех. Тоа е суштината на целиот овој процес. Не е суштината да го смениме Уставот до следната пречка за шест месеци. Не е тоа со мандат „од – до“, туку процес кој трае, не е процес кој сега ќе почне и следната недела ќе заврши, рече премиерот Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.
Мицкоски смета дека ако се сака, се има и начин за да нема билатерализација на целиот процес и да нема повеќе никакви пречки. Прашан на кој начин сакал унгарскиот премиер Виктор Орбан да посредува во разговорите со ЕУ, премиерот рече дека намерата му била да ги повика него и бугарскиот претседател во Будимпешта на разговори како претседавач со Европската унија.
- Нека биде Европска унија арбитер, претседавачот со ЕУ не кани во Будимпешта да ги решиме однапред сите прашања, да не биде етапно, туку сите и да нема повеќе пречки понатаму и да нема билатеризација на овој процес. Веднаш да почнеме, рече Мицкоски.
Говорејќи за Гоце Делчев истакна дека тој е титанот на македонската борба и треба да се вкрстат аргументите за да се види какво е неговото значење за македонскиот народ.
- Гоце Делчев за мене е македонски деец и историска фигура, титан на македонштината, за нив можеби е друго. Нека кажат колку песни, имиња, приказни има Гоце, а да видиме колку има кај нас. Да видиме кој навистина бил Гоце Делчев. Мудроста на народот е неприкосновена, изјави Мицкоски.
Нагласи дека мора да бидеме добри соседи, но барањата треба да се објективни, а не билатерални, и ако континуирано едни со други се напаѓаме со аргументи од среден век, тогаш нема да излеземе од ова мочуриште.
-Мораме сега да ги решиме. Ако имаме објективни пречки, тоа може да не направи подобри. Но, субјективните проблеми билатерализацијата е проблем, вели, меѓу другото, премиерот Мицкоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.