19 Декември, 2025
0.0375

ЕВЕ ШТО ВСУШНОСТ СЕ СЛУЧИ СО НАСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД: И професорот Гаревски со теорија

Објавено во: Анализа 05 Ноември, 2024 07:00

Добивај вести на Viber

Директорот на Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени, Михаил Гаревски, даде свое мислење за рушењето на настрашницата во Нови Сад. 

Србија има големи градежни конструктери. Во медумите се зборува за инг.Фаркас и за станицата која е изградена 1964 година, но тој не е проектантот на носивата конструкција. Тој е архитект, а не статичар. Настрешницата не е типична конзола, ниту е проектирана така. Главни носиви елементи се сајлите, вкупно 18, кои се прицврстени на крајот од конзолните греди од АБ гредната скара на настрашницата. На другата страна тие се анкерисани во 8 гредни препусти од кровната конструкција. Сосема е јасен механизмот на рушење на настрешницата. Рушењето е одпочнато со чување/кинење на сајлите кај 4 и 5та анкерна точка. Потоа, во дел од секунда, е настанато попуштање на анкерите/кинење на сајлите кај сите анкерни точки. Исклучок е само една челична сајла, 18та, која не е сината горе, туку долу, каде е прицврстена на последната гредна конзола. Иако снегот како товар, за последните 6- години се јавил можеби како поголем товар од сеегашниот, додатен т.е стаклото со тежина околу 70 кг/m2, рушењето сепак е настанато од додадениот това кој бил додаден заради естетика. Со деталната инспекција на лице место, лесно ќе се утврди и дали е дојдено до корозија на каблите околу анкерните чворови која додатно допринесува за нивното кинење. Политиката и обвинувањата треба да се остават на страна. Мое сочуство до фамилиите на трагично загинатите во оваа несреќа, напиша професорот Гаревски. 


Можеби ќе ве интересира

Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта

Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет

Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски

Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски

Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата

Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата

Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max

Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување