ЕВН Македонија гради нова траса за далекуводот во Драчево
Објавено во: Македонија 20 Март, 2015
ЕВН Македонија почна итна изградба на привремена нова делница од 110 кВ далекувод во Драчево како единствено најбрзо решение на проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од оваа населба. Поставувањето на нов решеткаст 110 кВ столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица ќе трае повеќе дена, а во меѓувреме со привремената мрежа ќе се избегнат ограничувањата на потрошувачката во однапред одредени временски интервали.
Со изградбата на двата портални дрвени столба ќе се активира Трафостаницата Драчево 1 ( 110/10 кВ) со што во целост ќе се надминат проблемите во снабдувањето.
ЕВН Македонија ги вложува максималните напори да се надмине ваквата состојба предизвикана од трета страна, затоа работи на санирање на оштетениот столб, поставување на привремен нов далекувод и веќе двојно ја зголеми моќноста на Трафостаницата Драчево 2.